Седници на Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК

Седница на Здружението „ЕУРЕМ МК„ 15.05.2021 год. Скопје

ЗАПИСНИК

Дневен Ред

 потврда на дневен ред, дополнување на точки на дневен ред
 преглед на активности од претходна седницата во ноември 2019 до денес
 промена на членови на Управен Одбор на ЕУРЕМ МК:
* на местото на Г-ца Татјана Ушинова за нов член на Управен Одбор е назначен Г-н Тони Србиноски
* на местото на Г-н Едвард Софески за нов член на Управен Одбор е назначен Г-н Зоран Филоски
 Г-н Едвард Софески и Г-н Марјан Ненов остануваат со функција на проект координатори
 Г-н Митре Арсовски – останува на функција Претседател со промотивна функција
 ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ - ЕУРЕМ МК се ребрендира во ЗДРУЖЕНИЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏЕРИ – EUREM MK Alumni

1. Подготовка на работна група за координација со претставници на МСИП проектот на Светска Банка согласно „Програмата за енергетска ефикасност во јавниот сектор„

 воспоставена соработка во 2019 год. со Municipality Services Improvement Project - MSIP – проектна единица на Светска Банка при Министерство за Финансии и обучен ЕУРЕМ енергетски менаџер – еден претставник од оперативниот тим на проектот обука 2019/2020 год
 следи координација за конкретни проекти – јавна презентација на „Програмата за енергетска ефикасност во јавниот сектор„

2. Реализација на таргетирани on-line дебати во периодот септември-декември 2020 год што резултираше во:

 вмрежување на ЕУРЕМ МК во Green Social Entrepreneurship Network
 воспоставување на Smart Digitalization Cluster како комерцијална иницијатива на компании членки на ЕУРЕМ МК
 ребрендирање и реорганизација на ЕУРЕМ МК во EUREM MK Alumni

3. KICK-OFF MEETING: KOSTAL Makedonija & EUREM MK Alumni

- доделување сертификати на ЕУРЕМ енергетски менаџери од тренинг групата 2019/2020 год.
- промоција на програми за соработка на КОСТАЛ Македонија со EUREM MK Alumni и Smart Digitalization Cluster

ЗАКЛУЧОЦИ

1. Подготовка на работна група за координација со претставници на МСИП проектот на Светска Банка согласно „Програмата за енергетска ефикасност во јавниот сектор„ за да се овозможи на ЕУРЕМ енергетските менаџери учество во проектирањето на проектите за енергетска ефикасност кај заинтересираните општини

2. Подготовка на акциона програма за соработка со претставници на Германско-Грчката Индустриската Стопанска Комора и други Стопански Комори, организации и институции од Солун и Северна Грција и подготовки за учество на Thessaloniki International Fair Септември 2021 и BEYOND 4.0 - 14-16 Октомври 2021 во Солун

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Седница на Здружението „ЕУРЕМ МК„ 1.11.2019 год. Скопје

ЗАПИСНИК

Дневен Ред

 потврда на дневен ред, дополнување на точки на дневен ред
 преглед на активности од седницата во јануари 2018 до денес
 промена на еден член на Управен Одбор на ЕУРЕМ МК– на местото на Г-ца Ивана Ристовска за нов член на Управен Одбор МК е назначен Г-н Златко Пандовски

1. Подготовка на работна група за координација со претставници и тела на ЕУ Делегација и Светска Банка за изработка на грантови програми за проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија согласно „Оперативната програма за заштеда на енергија во објекти на локалната самоуправа и јавната администрација„ подготвена од ЕУРЕМ МК во октомври 2017

 од втората половина на 2018 воспоставена е соработка со претставници на ЕУ Делегација со кои се вршат периодични квартални неформални консултации за профилирање на нивните програми за поддршка на деловниот и јавниот сектор и проекти за зелени инвестиции, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
 воспоставена иницијална соработка со Municipality Services Improvement Project - MSIP – проектна единица на Светска Банка при Министерство за Финансии - следи координација за конкретни проекти

2. Информација од работната група за подготовка на Закон за Енергетска Ефикасност и подготовка на амандмани и лоби група во Собранието на РСМ за поднесување и поддршка на амандманите на Законот за Енергетска Ефикасност

 презентација на клучни области каде ќе се предложат амандмани
 поднесување на иницијатива за формирање на интерпартиска парламентарна група за правата на сертифицирани енергетските менаџери, експерти и консултанти за учество со нивната експертиза во спречување на климатските промени

3. Информација од реализираните координација со економските канцеларии на странски Амбасади и претставништва на меѓународни донаторски и финансиски институции за иницирање регионални проекти и користење на достапни ЕУ фондови за поддршка

- Helvetas – Швајцарска Интеркооперација од Швајцарија – проект Образование за вработување во Северна Македонија
- Green Climate Fund - Прв повик за проектни идеи зa финансирање преку Зелен климатски фонд
- Adriatic Finance HUB - платформа за поддршка на инвестициски фондови и финансиски инструменти на ризичен капитал за поддршка на проекти за развојаплицирање за користење на достапните финансиски донации, поддршки и сл.
- иницијативи и планови за соработка со претставници на Стопански Комори, организации и институции од Грција и подготовки за учество на Годишната Конференција на ЕУРЕМ Конзорциум во мај 2020 година во Атина. Грција

ЗАКЛУЧОЦИ

1. Изработка на амандмани по забелешките за Нацрт Законот за Енергетска ЕФикасност и доставување до соодветните институции, политички партии и пратеници
2. Подготовка на работна група за координација со претставници и тела на ЕУ Делегација и Светска Банка за изработка на грантови програми за проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
3. Подготовка на акциона програма за соработка со претставници на Стопански Комори, организации и институции од Грција и подготовки за учество на Годишната Конференција на ЕУРЕМ Конзорциум во мај 2020 година во Атина. Грција
4. Подготовка на проектен концепт и аплицирање на повикот на Зелениот Климатски Фонд и формирање на проектен тим за понатамошните фази од постапката

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

О Т В О Р Е Н А П О К А Н А

за учество на

Седница на Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК

во петок 12 Јануари 2018 год.

Почеток: 17.30 часот

Скопје

за утврдување програма на активности во 2018 год.

Согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Фонацијата Swiss Contact, координацијата со канцеларијата на ITA (Italian Trade Agency) и поддршката од економските канцеларии на Амбасадите на Република Словенија и Република Црна Гора, како и координацијата со советниците во Владата на РМ за регионални проекти и енергетика , како и остварените координации со Град Скопје, Општините Битола, Кочани, Ѓорче Петров, Гази Баба, Аеродром за локални проекти ЕУРЕМ МК подготвува програма на активности во 2018 за која е потребна поддршка од членовите - сертифицирани Европски Енергетски Менаџери во делот на проектирање, како и претпријатија и организација за изведба на проектите.

Основа за планираните активности е „Оперативната програма за заштеда на енергија во објекти на локалната самоуправа и јавната администрација„ усвоена на предходната седница, а изработена согласно согласно „Националната програма за енергетска ефикасност во јавни згради„

Пријавување учество на седницата

Поканата за учество на седницата е отворена за сите членови на Здружението ЕУРЕМ МК со уплатена годишна чланарина за 2017 год.

Членови во Здружението ЕУРЕМ МК може да бидат:

- членките на Стопанската Комора на Мал Бизнис кои имаат сертифициран EUREM менаџер
- учесници на тековната ЕУРЕМ обука со обврска во наредните 2 години да бидат EUREM сертифицирани

Забелешка:

На претстојната седницата се поканети за учество и Premium членки на Комората на Мал Бизнис (кои немаат ЕУРЕМ сертификација), а се заинтересирани за учество во ESCO финансираните проекти подготвени за реализација и под надзор од ЕУРЕМ МК здружението.

Пријавувањето учество на седницата се врши со повратен е-маил - испратете име и презиме на учесникот и контакт телефон/е-маил на info@sbch.org.mk

Повеќе информации за пријавување во тековната ЕУРЕМ обука, на тел. 070 271 901 Слободан Софески

Со почит,

Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

На Третата Седница на Здружението на енергетски менаџери ЕУРЕМ МК на 24 Октомври 2017 год. усвоена е „Оперативната програма за заштеда на енергија во објекти на локалната самоуправа и јавна администрација„.

Реализацијата на програмата е со поддршка на „Центар за финансирање и менторска поддршка„ и „Европскиот Институт за енергетска ефикасност и одржлив развој„ при Стопанската Комора на Мал Бизнис на Република Македонија.
Приоритет на програмата е реконструкција на објектите на локалната самоуправа и јавна администрација во „одржливи енергетски објекти„ независни од фосилните горива и надворешно електрично напојување , минимални енергетски загуби и без емисија на CO2 (carbon free)

Со реализација на програмата во урбаните општини на Република Македонија ќе се остварат првите чекори кон реализација на моделот на ZERO Carbon City - урбани средини со оптимални услови за живеење на граѓаните и без негативно влијание на животната средина.