Roadmap to Your Green Deal

НАТПРЕВАР НА ИДЕИ 2.0

"Roadmap to Your Green Deal" http://www.sbch.org.mk/content/roadmap-your-green-deal е јавна дебата која во хибриден формат,преку социјалните медиуми,web страните на организаторите, во разговор со панелистите на 19 Ноември 2021 и преку презентациите на Форумот „Green Energy Day„ на 18 Декември 2021 http://www.sbch.org.mk/content/clean-energy-transition ќе придонесе за приближување и воспоставување на политиките на EU Green Deal во вашата заедница.

Дебатата „Roadmap to Your Green Deal„ е отворена за секој заинтересиран кој може да учествува со поставување директно прашање до панелистите или со свој видео запис. Дебатата е континуирана, вирална и преку социјалните медиуми се одвива пред за време и после настаните на 19 Ноември и 18 Декември 2021 г. Пријавете го вашиот придонес во дебатата преку формуларот даден на линкот : https://forms.gle/4sPpnHDed2Jb91mr5

Сите кои ќе постават прашања до нашите панелисти или ќе испратат видео запис со свои ставови и одговори на дадените прашања се воедно активни учесници на дебатата и ќе бидат во можност да се приклучат on-line во инфо сесијата за „Green Business Certifications„ на 11 Декември 2021 г. http://sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПРАШАЊА ЗА ПАНЕЛИСТИТЕ

Прашањaта испратете ги на e-mail info@sbch.org.mk со назначено, во subject, името на панелистот за кое се однесува прашањето. Погледнете ја подоле комплетната листа на панелисти.

ВИДЕО ЗАПИС

Видео запис , во времетраење од max. 3 min. подгответе го во формат дефиниран со Squiz Sun платформата https://squiz-sun-first-person-ideas-project.webflow.io/ - инструкции за подготовка на видеото на линкот https://youtu.be/BJQopW4HV6o Видео записот преку апликациите за трансфер на големи податочни фајлови испратете ни го на e-mail info@sbch.org.mk

Во видеото одговорете на следните три прашања:

- Како според вас би изгледало едно зелено претпријатие ?
- Кои еколошки проблеми во вашата заедница приоритетно би ги решиле и како ?
- Со кого би склучиле Green Deal за да спречите зголемување на глобалната температура ?

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ROADMAP TO YOUR GREEN DEAL
19 Ноември 2021

Streaming VIDEO од настанот на линк >>>
https://youtu.be/_ffgik9iWk4

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ПАНЕЛИСТИ И МОДЕРАТОРИ
https://green-social-network.webflow.io/projects
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Панел I
Имплементација наевропските политики за Green Deal во локалните заедници и бизниси

Модертор:

Катерина Вељановска Блажевска
Претседател на Собранието на Стопанска Комора на мал бизнис

- експертиза:
Д-р по политички науки
Експерт за јавни политики и комуникации

1) Вашите очекувања од учеството на Roadmap to Your Green Deal?

Станува збор за уникатен, веродостоен настан со голем кредибилитет и поддршка од истакнати партнери и пред се Европската Унија како директен покровител, со што во голема мера ќе се придонесе за зацврстување на позицијата на социјалните претпријатија и зелените политики во земјава, а со тоа и директно ќе се влијае на законодавната рамка и стратешки приказ на оваа проблематика во јавните документи. Она што е од особена важност е да се создаде пристап за градење на мрежа на односи и соработка помеѓу деловните субјекти, развивање на партнерски однос, особено преку споделување на релевантни информации како и транспарентно делување. Најважно, сето она што ќе произлезе како идеја, концепт или пак насоки за идно делување, да биде потоа претставено во релевантен документ кој ќе стигне до креаторите на политики со цел подобрување на секојдневните практики и преземање на ефикасни чекори во согласност со можностите и потребите. Вклучувањето на младите со свое директно учество, е всушност додадената вредност на овој настан со голем придонес во општествени рамки.

2) Како вие би ја дефинирале зелената економија?

Разбирање на природниот капитал како критичко економско богатство, грижа за истото со цел поттикнување на поголеми јавни придобивки, како и соодветна распределба во име на севкупната популација. Одржлив развој во чии рамки се опфаќа заштита а не експлоатација на животната средина, преку иницирање на соработка на сите засегнати страни со цел промовирање на иновативост која обезбедува напредок на севкупното општеството, со ориентација кон секоја единка и придобивки од хумани размери, пред се промовирање на социјална еднаквост, развој и напредок.

3) Кои еколошки проблеми во вашата заедница приоритетно би ги решиле?
Станува збор за етапен процес кој би требало да се расчлени во повеќе фази, односно првично правилна евалуација на досега стореното, со цел да се увиди во колкава мера и на кој начин реагира и е задоволна јавноста од истото. Потоа, потребно е да се таргетираат проблемите кои се издвојуваат со своите приоритети, како и да се увиди нивото на достапни ресурси за решавање на истите. За таа цел, важно е да се иницира на институционален дијалог помеѓу локалната власт, централната власт, невладиниот сектор и бизнис ентитетите, со цел да се осигура релевантноста на крајниот исход. Во однос на директни приоритети, постојат повеќе, секако дека општо познато на сите во македонското општество, особено за жителите на Скопје е загадениот воздух, проблемот со депониите, како и се помалку зеленило во градот како резултат на забрзаната урбанизација. Важно е поставување на приоритети во согласност со можностите, но пред се градење на складен систем кој самиот ќе биде индикатор и двигатор за нивото на одржливост кое се генерира, како и искористеноста на природни ресурси, но и правилна намена на постоечките, достапни средства.

Панелисти:

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Маријана Лончар-Велкова
Претседател, Организација на потрошувачите на Македонија

- дејноста на организацијата/проектот:
Организација на потрошувачите на Македонија партнер во ИПА проектот: „Потрошувачите За одржливост- Институционализирање на дијалогот за локалните политики и услуги на граѓанското општество кон општините и бизнисот“ кој се спроведува врз основа на договор за грант: (ИПА/2020/421-078), финансиран од страна на Европската унија. Проектот се спроведува од страна на Асоцијација за развојни иницијативи- Зенит, Организација на потрошувачите на Македонија- ОМП, Женска граѓанска иницијатива- Антико и Стопанска комора на мал бизнис.
ОПМ има за цел како партнерска организација да помогне во развој на дијалог за политиките и да поттикне партнерски услуги меѓу локалните власти, граѓанското општество и локалните компании кои промовираат заштита на потрошувачите и одржлива потрошувачка.

- службени контакт податоци:
opm@opm.org.mk

- контакти на социјални медиуми (Linkedin, Twitter, Website):
www.opm.org.mk

- експертиза:
Маријана Лончар Велкова е претседател на OPM од 1996 година, и има релевантно професионално искуство; Магистрирала јавна политика и менаџмент на Универзитетот во Питсбург, САД и докторирала на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ - Скопје. Поддржува приближување на националното законодавство со правото на ЕУ во областа на заштитата на потрошувачите и надзорот на пазарот. Има работено и испарачано програми за обука поврзани со заштитата на потрошувачите до различни целни групи, спроведува активности за информирање и едукација на потрошувачите преку различни министерства, инспекциски органи, регулатори и други релевантни институции. Има работено на кампањи за подигање на јавната свест за прашања од областа на заштита на потрошувачите, безбедност на производите, одржлива потрошувачка, енергетска ефикасност и сл.; Член е на Советот за заштита на потрошувачите на Владата на Република Северна Македонија од 2005 година; Советот на Институтот за акредитација до 2015 година; Коорпоративно тело за општествена одговорност на претпријатијата, од 2010 година; Генерално Собрание на ANEC (Европски глас за стандардизација) од ноември 2012 година и на Управниот Одбор на ANEC од 2017 година. Таа е вклучена како експерт на ЕУ во многу проекти во областа на заштитата на потрошувачите.

- полиња на интерес за дискусија и вмрежување со учесниците на настанот:

* заедничко делување на унапредување на енергетската ефикасност на компаниите и нивната препознатливост,
* унапредување на енергетската ефикасност на производите кои се продаваат на домашниот пазар,
* информирање и едукација на потрошувачите и подигање на свеста за купување на енергетски ефикасни производи заради заштеда на енергија и намалување на загадувањето на животната средина,
* влијанието на потрошувачите врз климатските промени и емисиите на стакленички гасови.

- очекувања од учеството на Roadmap to Your Green Deal ?

Осврт кон Новата Агенда за потрошувачи која има за цел да одговори на потребите на потрошувачите за време и по пандемијата со Ковид-19. Агендата воспоставува долгорочна визија до 2025 година и воведува конкретни активности во пет клучни области, со цел да ги заштити потрошувачите и да ги поттикне да играат активна улога во зелената и дигиталната транзиција.

- како вие би ја дефинирале зелената економија ?

Со оглед дека партнерите од Западен Балкан ќе бидат поддржани во усогласувањето со новиот Закон за клима на ЕУ, шемата за трговија со емисии во ЕУ, како и со намалувањето на емисиите на CO2 преку квоти и механизми за цени на јагленород, потребно е да се направат напори да се дефинира зелената економија во рамки на оваа политика. Според Програмата на ОН, Зелената економија дефинира ниска содржина на јаглерод, ефикасност во однос на ресурсите и истата е социјално инклузивна. Во зелената економија, растот на вработеноста и приходите се поттикнати од јавните и приватните инвестиции во такви економски активности, инфраструктура и средства кои овозможуваат намалени емисии на јаглерод и загадување, зголемена ефикасност на енергијата и ресурсите и спречување на губење на биолошката разновидност и екосистемите.

По најавите од ЕУ дека ќе ги поддржи партнерите од Западен Балкан во развојот на стратегии за подобрување на одржливоста на производството на суровини, спречување, намалување, рециклирање и управување со отпад, следејќи го целиот животен циклус на про изводите, од аспект на зелентата економија ќе треба да се предвиди и колку ние како потрошувачи треба да ја „платиме“ цената на оваа транзиција која на долг рок носи огромен бенефит за нас и за идните поколенија.

- кои еколошки проблеми во вашата заедница приоритетно би ги решиле ?

За еколошките проблеми е многу зборувано но сепак можам да ги издвојам:
- загадувањето на воздухот кој е условен од многу фактори меѓу кои се и навиките на потрошувачите кои треба да се менуваат.
- Утврдување на ecological footprint во нашата држава и патоказ за решавање на проблемите

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Елисабета Георгиева
Програмски Менаџер, ЕУ Делегација

- контакти на социјални медиуми (Linkedin, Twitter, Website):
https://mk.linkedin.com/in/elisabeta-georgieva-a724a330?trk=public_profi...

- дејноста на организацијата/проектот:
ЕУ Делегација

- експертиза:
Над 25 години искуство во областа на развојот на приватниот сектор и реформите во јавната администрација.
Искуство од 2 години на проекти на Светска банка, 6 години на проекти финансирани од УСАИД и 18 години за Европската комисија. Искуство со кредитни линии за развој на МСП, политика и правна рамка за работење на бизнисите и внатрешниот пазар на ЕУ.

- полиња на интерес за дискусија и вмрежување со учесниците на настанот:
Личен интерес за обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Јасминка Тасева Јанковиќ
Технички координатор на PSEEP, Министерство за Финансии на РСМ

- дејноста на организацијата/проектот:
Министерство за финансии- Единица за имплементација на Втор проектот за подобрување на општинските услуги –МСИП (IBRD – 8561-МК) и Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор- ПСЕЕП (IBRD – 9038МК) финансирани од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка,

- службени контакт податоци:

Jasminka Taseva Jankovikj
Technical coordinator
PMU-MSIP
Ministry of Finance of Republic of North Macedonia
Dame Gruev 12, 1000 Skopje
tel: ++389 (0)2 3255 790
mob.tel:++389 (0)70 379 835
e-mail: jasminka.taseva@finance.gov.mk

- контакти на социјални медиуми (Linkedin, Twitter, Website):

https://finance.gov.mk/%d0%bc%d1%81%d0%b8%d0%bf-2/
https://finance.gov.mk/proekt_za_energetska_efikasnost/
https://www.linkedin.com/in/jasminka-taseva-jankovic-0a0716a/

- експертиза:
градежништво (сите видови на објекти/проекти), физибилност и исплатливост на проекти, финансиска конструкција за реализација на проекти, енергетска ефикасност кај јавни објекти, фотоволтаици кај јавни објекти

- полиња на интерес за дискусија и вмрежување со учесниците на настанот:
поврзување на green deal со климатски промени, енергетска криза и загадување

- очекувања од учеството на Roadmap to Your Green Deal ?

дали постои критична маса во македонија за оваа тема

- како вие би ја дефинирале зелената економија ?

селектирање, обработка и рециклирање/повторно користење на отпад од домакинства/јавни установи/индустрија, градежништво за нови матерјали и производи

- кои еколошки проблеми во вашата заедница приоритетно би ги решиле ?

селекција на отпад од дома/јавна установа до контејнер и депонија, и рециклирање на селектиран отпад депонирање на градежен шут, загадување, зелени површини, мерки за штедење на енергија, производство на зелена енергија

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Сања Поповска-Василевска
Истражувач, Организација на потрошувачите на Македонија

- дејноста на организацијата/проектот:
Организација на потрошувачите на Македонија / заштита на потрошувачите / организација на групни набавки на ЕЕ и квалитетни уреди / CLEAR-X - Consumers Leading the EU’s Energy Ambition Response, Expansion (H2020- the Framework Programme for Research and Innovation)

- службени контакт податоци:
opm@opm.org.mk

- контакти на социјални медиуми (Linkedin, Twitter, Website):
www.opm.org.mk

- експертиза: ОИЕ, ЕЕ / ред.проф.маш.инж.

- полиња на интерес за дискусија и вмрежување со учесниците на настанот (може да се напишат само наслови/tags):
· унапредување на енергетската ефикасност и квалитет на производите кои се продаваат на домашниот пазар,
· информирање и едукација на потрошувачите и подигнување на свеста за купување на енергетски ефикасни производи заради заштеда на енергија и намалување на загадувањето на животната средина,
· влијанието на потрошувачите врз климатските промени и емисиите на стакленички гасови.

- очекувања од учеството на Roadmap to Your Green Deal?
Осврт кон Новата Агенда за потрошувачи која има за цел да одговори на потребите на потрошувачите за време и по пандемијата со Ковид-19.

- како вие би ја дефинирале зелената економија?
Одржливо користење на ресурсите, примена на технологии со минимално негативно влијание кон животната средина, циркуларна економија - нула отпад (отпадот е ресурс), акцент кон обновливи ресурси

- кои еколошки проблеми во вашата заедница приоритетно би ги решиле?
Загадување на воздухот, справување со отпадот

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Тони Србиноски
Енергетски Менаџер, Алкалоид АД

- дејноста на организацијата/проектот:
Фармацевтска-Козметичка-Хемиска-Ботаничка Индустрија / Заштеда на вода – Заштеда на Енергија – Обновливи Извори на Енергија

- службени контакт податоци:
tsrbinoski@alkaloid.com.mk

- контакти на социјални медиуми (Linkedin, Twitter, Website):

- експертиза:
Енергетски Менаџмент, Одржлив Развој, Индустриска Сопственост, Проектирање, Ревизија, Надзор, Климатизација, Системи за компримиран воздух, Парно-кондензни системи, Електромоторни Системи, Топлински Пумпи, Термотехника, Термоенергетика, Механизациони Машини, Возила, Транспорт, Сообраќај, Процена, Вештачење

- полиња на интерес за дискусија и вмрежување со учесниците на настанот:
Топлински пумпи, Автоматика, Фотоволтаици,

- очекувања од учеството на Roadmap to Your Green Deal ?

Забрзување на процесите и транзицијата кон Одржлив Развој и Зелена Економија

- како вие би ја дефинирале зелената економија ?

Основна ѕвезда-водилка (на Организациите, Бизнисот и Менаџментот) во денешната Економија. Зелената Економија или Одржливиот развој е единствената правилна насока на секоја организација на подолг рок.

- кои еколошки проблеми во вашата заедница приоритетно би ги решиле ?

Што поскоро донесување и зокружување на правната рамка што е прв чекор кон транзицијата кон Зелена Економија.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Панел II
Зелените социјални претпријатија како составен дел од транзицијата кон фер, зелени ициркуларни општества

Модератор:

Јасмина Саид
Програмски менаџер за одржлив развој,
Здружение за социјални иновации „АРНО„

- дејноста на организацијата/проектот: Зелена економија, социјално претприемништво, филантропија, млади

- службени контакт податоци (опционо) :
jasmina@arno.org.mk

- контакти на социјални медиуми (Linkedin, Twitter, Website):
https://arno.org.mk/
https://www.linkedin.com/in/jasminasaid

- експертиза:
Дипл.економист/ Надворешна трговија
М-р Меѓународни односи/ Разрешување конфликти
Управување со проектен циклус
Зелена економија и зелено претприемништво
Одржлив развој
Eнергетика
Финансии/банкарство

- полиња на интерес за дискусија и вмрежување со учесниците на настанот: зелено претприемништво, циркуларна економија, праведна транзиција

- вашите очекувања од учеството на Roadmap to Your Green Deal ?
Улогата на зелените социјални бизниси, нивниот придонес кон ЕU Green Deal, мотивација постојните бизниси за “позеленат” и да се поттикне креирање на нови “зелени” бизниси

- како вие би го дефинирале зеленото претприемништво ?
Зелено претпријатие е претпријатие кое генерира профит, се грижи за животната средина и креира општествена вредност.

- како се вреднува инклузивноста во програмите на вашата организација/проект ?
Инклузивноста е приоритет во целокупното работење на АРНО.

Панелисти:

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Бојана Станојевска Пецуровска
Претседател, Центар за климатски промени

- дејноста на организацијата/проектот:
• Поддршка на индустријата со цел подобрување на нивните енергетски перформанси и перформансите во животната средина
• Подигнување на јавната свест за климатските промени
• Предложување на мерки за подобрување и промена на законската рамка на полето на енергетиката, климатските промени и животната средина
• Промовирање и поддршка на владеење со животната средина, енергија и управување со животната средина
Визијата на Центарот за климатски промени е насочена кон намалување на јалеродниот диоксид и креирање на општество одговорно кон животната средина. Со цел да го постигнеме тоа, ЦКП ги насочува своите активности кон индустриска енергетска ефикасност, интегрирано спречување и контрола на загадувањето, управување со отпад, намалување и ублажување на климатските промени, управување со животна средина и енергетски менаџмент.

- службени контакт податоци:
bojana.stanojevska@ckp.org.mk

- контакти на социјални медиуми (Linkedin, Twitter, Website)

Web: www.ckp.org.mk

- експертиза:
дипломиран политиколог и магистер по комуникации, со повеќе од 13 години искуство во областа на животната средина и климатски промени. Бојана има големо познавање во областа на квалитетот на амбиентниот воздух, искуство во подготвување и спроведување кампањи за подигнување на свеста за заштита на животната средина, намалување на загадувањето, управување со отпад, енергетска ефикасност, индустриско загадување, но исто така има искуство во реализација на проекти за намалување на негативните влијанија врз животната средина на индустријата и малите и средни претпријатија. Автор е и на значајни трудови и публикации од областа на животната средина и климатски промени.

- полиња на интерес за дискусија и вмрежување со учесниците на настанот:

климатски промени, животна средина, циркуларна економија

- вашите очекувања од учеството на Roadmap to Your Green Deal ?

Очекувам настанот да биде добра можност за размена на контакти и информации кои ми се потребни во секојдневната работа, можност за обезбедување нови информации поврзани со имплементација на барањата на Европскиот зелен договор во Македонија, но и можност за соработка со други организации на прашања поврзани со зелено претприемништво

- како вие би го дефинирале зеленото претприемништво ?

Зеленото претприемништво е еден поинаков начин на остварување економски активности. Тоа подразбира подготвеност да се преземе поголем ризик со цел подобра социјална благосостојба и подобра животна средина. Во суштина, принципите на зеленото претприемништво би требало да се применуваат во работењето на секој претприемач затоа што само така можеме да обезбедиме одржлив развој и подобра животна средина....

- како се вреднува инклузивноста во програмите на вашата организација/проект?

ЦКП посветува големо внимание на активно вклучување на сите засегнати страни во своите активности. Инклузивноста е застапена во секој аспект од работењето на нашата организација особено во проектите кои обезбедуваат едукација за младите.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Хари Шутоски
Советник за развој на претприемничкиот екосистем
Германска агенција за меѓународна соработка ГИЗ – Канцеларија во Скопје/ Проект „ЕУ за економски раст“

- дејноста на организацијата/проектот:
Меѓунaродна развојна соработка/ Зголемување на локалната економска активност и конкурентност во целни региони (Североисточен, Полошки, Југозападен регион и областа Преспа (Општина Ресен) во Северна Македонија преку понуда на напредни деловни услуги за старт-апи и постојни претпријатија со потенцијал за раст и пристап до финансии

- службени контакт податоци:
T +389 2 3109 962 ext. 202
M +389 71 237 418
E hari.shutoski@giz.de

- контакти на социјални медиуми (Linkedin, Twitter, Website):
Linkedin: linkedin.com/in/hari-shutoski-69b47617
Twitter: @shutoski

- експертиза:
Дипл. Маш. Инж./ Термотехника и термоенергетика
М-р Економија
Д-р технички науки
Јакнење на индивидуални и организациски капацитети
Локален и регионален економски развој
Управување со проектен циклус
Мониторинг и Евалуација
Стратешки менаџмент

- полиња на интерес за дискусија и вмрежување со учесниците на настанот:
Улогата на Организациите за поддршка на бизнисите на национално и локално ниво во спроведување на EU Green Deal
Практично спроведување на EU Green Deal од страна на бизнисите
Идеи/ Студии на случај за зелени бизниси, циркуларна економија, „позеленување“ на постојни бизниси итн.

- очекувања од учеството на Roadmap to Your Green Deal ?

Учество во интересна дебата од која ќе произлезат одредени заклучоци и препораки што можат релативно лесно да се спроведат (да бидат изводливи)
Вмрежување со колеги од други организации
Размена на искуства и знаења од областа на EU Green Deal

- како вие би го дефинирате зеленото претприемништво ?

Зелен бизнис е претпријатие кое има најмало можно негативно влијание на околината, економијата или заедницата. Зелените бизниси користат еколошки одржливи ресурси и спроведуваат социјално одговорни политики. Зеленото претприемништво промовира формирање на зелени бизниси. Во тој контекст може да се зборува за потполно нови зелени бизниси или „позеленување“ на веќе постојните бизниси.

- како се вреднува инклузивноста во програмите на вашата организација/проект ?

ГИЗ високо ја вреднува инклузивноста како на вработените така и кај партнерските институции. Принципот на инклузивност (“Leave no one behind”) мора да се земе во предвид при дизајнирање и спроведување на сите проекти. / Проектот „ЕУ за економски раст“ посветува посебно внимание на инклузивноста, посебно вклучување на жените и младите претприемачи и претприемачите од ранливите групи.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Биљана Дуковска
Програмски Менаџер, HTO Организација за Домување и Станари

- дејноста на организацијата/проектот:
ОДС се залага за остварување цел на унапредување на домувањето, животните услови и правата на станарите во Република Северна Македонија.

- службени контакт податоци : n/a

- контакти на социјални медиуми (Linkedin, Twitter, Website):
Личен контакт: https://www.linkedin.com/in/biljanadukovska/
Контакти на организацијата: https://www.linkedin.com/company/housing-and-tenants-organization-hto/ , https://hto.org.mk/

- експертиза: личната експертиза ми е поврзана со развој на заедниците, намалување на сиромаштија и социјална правда.

- полиња на интерес за дискусија и вмрежување со учесниците на настанот:
participation of community in the green policies development

- вашите очекувања од учеството на Roadmap to Your Green Deal?

Акцент на социјалната компонента и нејзината поврзаност со Зелениот договор

- како вие би го дефинирате зеленото претприемништво?

Како комбинација од свесно претприемништво, економија со додадена вредност и концепт на одржливост.

- како се вреднува инклузивноста во програмите на вашата организација/проект?

Инклузивноста е приоритет на организацијата, заедно со партиципативноста и транспарентноста.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------