ПОВИЦИ за проект ПотрошувачитеЗАодржливост

Проектот „Потрошувачите за одржливост - Институционализирање на локалниот дијалог за политиките и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот„ ("Consumers4Sustainability - Institutionalizing local policy dialogue and civil society services to municipal authorities and businesses") финансиран од Европската унија со Договор за грант бр.2020/421-078 се спроведува од страна на Асоцијацијата за развојни иницијативи - Зенит, Скопје во партнерство со Организацијата на потрошувачите на Македонија, Женската граѓанска иницијатива - АНТИКО и Стопанска Комора на Мал Бизнис.

Повик 05/22
Изнајмување простор за состаноци,опрема за презентација и угостителски услуги

ОПИС НА ЗАДАЧАТА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ

Изнајмување простор за состаноци за 4 часа со капацитет 20 лица, опрема за презентација (проектор и платно), угостителски услуги (вода и кафе, чај, џус, ситни колачи за време на настанот, коктел со црвено и бело вино на крај на настан )
Сопственикот на просторот ќе обезбеди катедра-маса и статив за говорник, 30 столици за публика во кино формат, простор за кафе пауза.

Настанот ќе се реализира 10 Декември 2022 г. од 10.30-14.30 часот во конференциска сала во Скопје.

ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Изборот ќе се направи врз основа на најдобра вредност за понудената цена, со следниве критериуми за избор:
• Понудена цена (максимум 80 бодови)
• Услови за плаќање (максимум 20 бодови).

ЦЕНА
Во цената треба да се вклучуваат трошоците за изнајмување на сала и кетеринг по особа.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Потребно е да бидат доставени следните информации:
1. Финансиска понуда во форматот прикажан во Анекс 1.
2. Услови за плаќање: рок на плаќање

Понудата треба да биде испратена на следната адреса за електронска пошта info@sbch.org.mk не подоцна од 18.11.2022 година.
Избраните понудувачи ќе бидат известени по електронски пат.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации за овој повик можете да нè контактирате на info@sbch.org.mk.

Aneks 1 - Finansiska ponuda -Povik 5_22 - iznajmuvanje prostor.doc
http://sbch.org.mk/sites/default/files/Aneks%201%20-%20Finansiska%20ponu...

---------------------------------------------------------------

Повик 04/22
Интерни Eco-En Cert Верификатори

ОПИС НА ПОВИКОТ

Eco-En Cert е рејтинг систем за оценување на зелени општествено одговорни проекти и деловни практики. Eco-En Cert сертификацијата ја подобрува одржливоста на деловното работење, фокусирајќи се на развој на зелени социјално одговорни производи и услуги и ги ограбрува организациите да имплементираат и одржуваат практики со високи стандарди кои ќе помогнат во воспоставување долгорочни релации со странски клиенти и соработници, инвеститори, надлежни институции и подигнување на еколошката свесност во заедницата. http://sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

Eco-En Cert е шема за сертификација за енергетска ефикасност и животна средина со проценка од трета страна на деловните практики на организацијата кои се однесуваат на заштеда на енергија, екологија и одржливост. Eco-En Cert верификатор, реализира проценка на организацијата за следните области:

1. Влијание врз животната средина
2. Производи/услуги кои нема да и наштетат на животната средина
3. Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
4. Зелен организациски менаџмент
5. Зелена општествена одговорност

Интерни Eco-En Cert Верификатори се овластени претставници на организацијата во која се воведува Eco-En Cert шема за сертификација и кои се поддршка на екстерните Eco-En Cert Проценители во процедурата за Eco-En Cert сертификацијата.

Избраните учесници на повикот ќе учествуваат на работилница и менторска обука за Eco-En Cert верификатори организирана во рамки на проектот Consumers4Sustainability.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Потребно е да бидат доставени следните информации:
1. Овластување издадено од одговорно лице на организацијата за одреденото лице кое ќе ја застапува организацијата при воведување на Eco-En Cert сертификационата шема.
2. Биографија од овластениот застапник на организацијата за воведување на Eco-En Cert сертификационата шема.
3. Сертификат за EUREM - European Energy Manager или пријава за EUREM обука 2022/2023 год. за одговорно лице на организацијата каде ќе се вовдеува Eco-En Cert сертификационата шема.

ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Одговорното лице кое ќе добие овластување од организацијата да учествува на повикот не мора да биде и вработено во истата организација, односно може да биде ангажирано надворешно лице.

Одговорното лице кое ќе учествува на повикот треба да има референци за работно искуство во организации или проекти за одговорни позиции во барем една од дадените 5 области за Eco-En Cert сертифицирање наведени во описот на повикот и треба да биде запишан на претстојната обука за Европски Енергетски Менаџери - EUREM 2022/2023 или да поднесе копија од сертификат на успешно завршена EUREM обука. Пријавување во обука за Европски Енергетски Менаџери - EUREM 2022/2023 на линк >>> http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%B...

Во овластувањето е потребно да бидат наведени контакт податоци на организацијата и одговорното лице.
Во биографијата на овластениот застапник на организацијата е потребно да се наведат неговите контакт податоци.

Наведените документи за пријавување треба да бидат испратени на следната адреса за електронска пошта info@sbch.org.mk не подоцна од 15.12.2022 година.

Избраните учесници на повикот ќе бидат известени по електронски пат.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации за овој повик можете да нè контактирате на info@sbch.org.mk.

-----------------------------------------------------------------------------

Повик 03/22
Изнајмување простор за состаноци,опрема за презентација и угостителски услуги

ОПИС НА ЗАДАЧАТА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ

Изнајмување простор за состаноци за 8 часа со капацитет 35 лица, опрема за презентација (проектор и платно), микрофон и озвучување, угостителски услуги (вода и кафе во пауза, ручек)
Сопственикот на просторот ќе обезбеди катедра-маса, маси и 35 столици за публика во П формат, простор за ручек.

Настанот ќе се реализира 28 Мај 2022 г. од 10.00-17.30 часот во конференциска сала во Скопје.

ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Изборот ќе се направи врз основа на најдобра вредност за понудената цена, со следниве критериуми за избор:
• Понудена цена (максимум 80 бодови)
• Услови за плаќање (максимум 20 бодови).

ЦЕНА
Во цената треба да се вклучуваат трошоците за изнајмување на сала и кетеринг по особа.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Потребно е да бидат доставени следните информации:
1. Финансиска понуда во форматот прикажан во Анекс 1.
2. Услови за плаќање: рок на плаќање

Понудата треба да биде испратена на следната адреса за електронска пошта info@sbch.org.mk не подоцна од 23.05.2022 година.
Избраните понудувачи ќе бидат известени по електронски пат.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации за овој повик можете да нè контактирате на info@sbch.org.mk.

Aneks 1 - Finansiska ponuda -Povik 3_22 - iznajmuvanje prostor.doc
http://sbch.org.mk/sites/default/files/Aneks%201%20-%20Finansiska%20ponu...

---------------------------------------------------------------------------------

Повик 02/22
Екстерни Eco-En Cert Верификатори

ОПИС НА ПОВИКОТ

Eco-En Cert е рејтинг систем за оценување на зелени општествено одговорни проекти и деловни практики. Eco-En Cert сертификацијата ја подобрува одржливоста на деловното работење, фокусирајќи се на развој на зелени социјално одговорни производи и услуги и ги ограбрува организациите да имплементираат и одржуваат практики со високи стандарди кои ќе помогнат во воспоставување долгорочни релации со странски клиенти и соработници, инвеститори, надлежни институции и подигнување на еколошката свесност во заедницата. http://sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

Eco-En Cert е шема за сертификација за енергетска ефикасност и животна средина со проценка од трета страна на деловните практики на организацијата кои се однесуваат на заштеда на енергија, екологија и одржливост. Eco-En Cert верификатор, реализира проценка на организацијата за следните области:

1. Влијание врз животната средина
2. Производи/услуги кои нема да и наштетат на животната средина
3. Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
4. Зелен организациски менаџмент
5. Зелена општествена одговорност

Екстерни Eco-En Cert Верификатори се овластени претставници делегирани од Комората на мал бизнис да воведуваат Eco-En Cert шема за сертификација во организации (договорени клиенти на Комората) Екстерни Eco-En Cert Верификатори ја вршат проценката самостојно или со поддршка на овластени интерни Eco-En Cert верификатори на организацијата која се сертифицира.

Избраните учесници на повикот ќе учествуваат на обука за Eco-En Cert верификатори организирана во рамки на проектот Consumers4Sustainability. Цената за учество на обуката со трошоците за издавање на овластувањето за екстерен Eco-En Cert Верификатор изнесува 500 ЕУР.

Претставници на членките на Комората со уплатена годишна чланарина, воедно активисти и членки на EUREM MK Alumni и претставници на управните органи на Комората кои ќе аплицираат и ќе ги исполнуваат условите за избор се ослободени од котизацијата.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Потребно е да бидат доставени следните информации:
1. Мотивационо писмо - е-маил.
2. Биографија
3. Копија од сертификати за формално или неформално образование/обука/специјализација за наведените области за проценка во организациите

ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираното лице кое ќе учествува на повикот треба да има референци за работно искуство во организации или проекти за одговорни позиции во барем две од дадените 5 области за Eco-En Cert сертифицирање наведени во описот на повикот.

Пријавувањето на повикот е овозможено индивидуално или како претставник на организација. Во мотивационото писмо на претставници на организација потребно е да бидат наведени контакт податоци на организацијата и одговорното лице во организацијата.

Во биографијата е потребно да се наведат контакт податоци на лицето кое се пријавува на повикот.

Наведените документи за пријавување треба да бидат испратени на следната адреса за електронска пошта info@sbch.org.mk не подоцна од 20.05.2022 година.

Избраните учесници на повикот ќе бидат известени по електронски пат.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации за овој повик можете да нè контактирате на info@sbch.org.mk.

-----------------------------------------------------------------------------------

Повик 01/22
Интерни Eco-En Cert Верификатори

ОПИС НА ПОВИКОТ

Eco-En Cert е рејтинг систем за оценување на зелени општествено одговорни проекти и деловни практики. Eco-En Cert сертификацијата ја подобрува одржливоста на деловното работење, фокусирајќи се на развој на зелени социјално одговорни производи и услуги и ги ограбрува организациите да имплементираат и одржуваат практики со високи стандарди кои ќе помогнат во воспоставување долгорочни релации со странски клиенти и соработници, инвеститори, надлежни институции и подигнување на еколошката свесност во заедницата. http://sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

Eco-En Cert е шема за сертификација за енергетска ефикасност и животна средина со проценка од трета страна на деловните практики на организацијата кои се однесуваат на заштеда на енергија, екологија и одржливост. Eco-En Cert верификатор, реализира проценка на организацијата за следните области:

1. Влијание врз животната средина
2. Производи/услуги кои нема да и наштетат на животната средина
3. Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
4. Зелен организациски менаџмент
5. Зелена општествена одговорност

Интерни Eco-En Cert Верификатори се овластени претставници на организацијата во која се воведува Eco-En Cert шема за сертификација и кои се поддршка на екстерните Eco-En Cert Проценители во процедурата за Eco-En Cert сертификацијата.

Избраните учесници на повикот ќе учествуваат на бесплатна обука за Eco-En Cert верификатори организирана во рамки на проектот Consumers4Sustainability.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Потребно е да бидат доставени следните информации:
1. Овластување издадено од одговорно лице на организацијата за одреденото лице кое ќе ја застапува организацијата при воведување на Eco-En Cert сертификационата шема.
2. Биографија од овластениот застапник на организацијата за воведување на Eco-En Cert сертификационата шема.

ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Одговорното лице кое ќе добие овластување од организацијата да учествува на повикот не мора да биде и вработено во истата организација, односно може да биде ангажирано надворешно лице.

Одговорното лице кое ќе учествува на повикот треба да има референци за работно искуство во организации или проекти за одговорни позиции во барем една од дадените 5 области за Eco-En Cert сертифицирање наведени во описот на повикот.

Во овластувањето е потребно да бидат наведени контакт податоци на организацијата и одговорното лице.
Во биографијата на овластениот застапник на организацијата е потребно да се наведат неговите контакт податоци.

Наведените документи за пријавување треба да бидат испратени на следната адреса за електронска пошта info@sbch.org.mk не подоцна од 29.04.2022 година.

Избраните учесници на повикот ќе бидат известени по електронски пат.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации за овој повик можете да нè контактирате на info@sbch.org.mk.

-------------------------------------------------------------------------------------------

Повик 04/21
on-line поддршка на настан

ОПИС НА ЗАДАЧАТА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ

ZOOM платформа, on-line регистрација, линк,техничка поддршка, снимање.
Снимката да се достави по реализација на работата - авторските права на снимената содржина се на корисникот на услугата.
Корисникот на услугата ја сноси целосната одговорност за квалитетот на доставениот материјал за презентација, авторските права на материјалот кој се прикажува како и неговата содржина.

Настанот ќе се реализира на 18 Декември 2021 г. од 11.00-13.30 часот во конференциска сала во Скопје.

ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Изборот ќе се направи врз основа на најдобра вредност за понудената цена, со следниве критериуми за избор:
• Понудена цена (максимум 80 бодови)
• Услови за плаќање (максимум 20 бодови).

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Потребно е да бидат доставени следните информации:
1. Финансиска понуда во форматот прикажан во Анекс 1.
2. Услови за плаќање: рок на плаќање

Понудата треба да биде испратена на следната адреса за електронска пошта info@sbch.org.mk не подоцна од 9.12.2021 година.
Избраните понудувачи ќе бидат известени по електронски пат.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации за овој повик можете да нè контактирате на info@sbch.org.mk.

Aneks 1 - Finansiska ponuda -Povik 4_21 - 0n-line poddrska.doc
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Aneks%201%20-%20Finansiska%20...

-----------------------------------------------------------------------------------------

Повик 03/21
Изнајмување простор за состаноци,опрема за презентација и угостителски услуги

ОПИС НА ЗАДАЧАТА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ

Изнајмување простор за состаноци за 3 часа со капацитет 30 лица, опрема за презентација (проектор и платно), микрофон (два статични) и озвучување, угостителски услуги (вода и кафе, чај, џус, ситни колачи за време на настанот, коктел со црвено и бело вино на крај на настан )
Сопственикот на просторот ќе обезбеди катедра-маса и статив за говорник, 30 столици за публика во кино формат, простор за кафе пауза.

Настанот ќе се реализира 18 Декември 2021 г. од 10.30-13.30 часот во конференциска сала во Скопје.

Забелешка: Сопственикот на конференциската сала да овозможи поврзување на главниот комјутер на настанот со озвучувањето

ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Изборот ќе се направи врз основа на најдобра вредност за понудената цена, со следниве критериуми за избор:
• Понудена цена (максимум 80 бодови)
• Услови за плаќање (максимум 20 бодови).

ЦЕНА
Во цената треба да се вклучуваат трошоците за изнајмување на сала и кетеринг по особа.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Потребно е да бидат доставени следните информации:
1. Финансиска понуда во форматот прикажан во Анекс 1.
2. Услови за плаќање: рок на плаќање

Понудата треба да биде испратена на следната адреса за електронска пошта info@sbch.org.mk не подоцна од 9.12.2021 година.
Избраните понудувачи ќе бидат известени по електронски пат.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации за овој повик можете да нè контактирате на info@sbch.org.mk.

Aneks 1 - Finansiska ponuda -Povik 3_21 - iznajmuvanje prostor.doc
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Aneks%201%20-%20Finansiska%20...

---------------------------------------------------------------------------------

Повик 02/21
Изнајмување простор за состаноци,опрема за презентација и угостителски услуги

ОПИС НА ЗАДАЧАТА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ

Изнајмување простор за состаноци за 6 часа со капацитет 30 лица, опрема за презентација (проектор и платно), угостителски услуги (вода и кафе за време на настанот, пауза со чај, џус, бело и црвено вино, ситни колачи)
Сопственикот на просторот ќе обезбеди мини бина со 5 мали дебатни фотељи и масичка и статив за говорник, 30 столици за публика во кино формат, простор за кафе пауза и коктел.

Дебатата ќе се реализира 19 Ноември 2021 г. од 10.30-16.30 часот во конференциска сала во Скопје.

Забелешка: Корисникот на услугата ќе постави опрема за видеао-аудио снимање и озвучување во координација со сопственикот на конференциската сала.

ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Изборот ќе се направи врз основа на најдобра вредност за понудената цена, со следниве критериуми за избор:
• Понудена цена (максимум 80 бодови)
• Услови за плаќање (максимум 20 бодови).

ЦЕНА
Во цената треба да се вклучуваат трошоците за изнајмување на сала и кетеринг по особа.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Потребно е да бидат доставени следните информации:
1. Финансиска понуда во форматот прикажан во Анекс 1.
2. Услови за плаќање: рок на плаќање

Понудата треба да биде испратена на следната адреса за електронска пошта info@sbch.org.mk не подоцна од 10.11.2021 година.
Избраните понудувачи ќе бидат известени по електронски пат.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации за овој повик можете да нè контактирате на info@sbch.org.mk.

Aneks 1 - Finansiska ponuda -Povik 2_21 - iznajmuvanje prostor.doc
http://sbch.org.mk/sites/default/files/Aneks%201%20-%20Finansiska%20ponu...

------------------------------------------------------------------------------------------

Повик 01/21
Изнајмување опрема и поддршка на настан

ОПИС НА ЗАДАЧАТА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ

Снимање на настан во аудио и видео формат, 1-2 камери, светло, 3 безжични микрофони, озвучување. Истовремено да се реализира стриминг на YouTube и Facebook со опрема за стриминг. Снимката да се достави по реализација на работата - авторските права на снимената содржина се на корисникот на услугата.
Корисникот на услугата ја сноси целосната одговорност за квалитетот на доставениот материјал за презентација, авторските права на материјалот кој се прикажува како и неговата содржина.

Дебатата ќе се реализира 19 Ноември 2021 г. од 10.30-13.30 часот во конференциска сала во Скопје. Монтажа и демонтажа на опремата во координација со сопственикот на конференциската сала.

ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Изборот ќе се направи врз основа на најдобра вредност за понудената цена, со следниве критериуми за избор:
• Понудена цена (максимум 80 бодови)
• Услови за плаќање (максимум 20 бодови).

ЦЕНА
Во цената не треба да се вклучуваат трошоците за изнајмување на сала и кетеринг за учесниците

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Потребно е да бидат доставени следните информации:
1. Финансиска понуда во форматот прикажан во Анекс 1.
2. Услови за плаќање: рок на плаќање

Понудата треба да биде испратена на следната адреса за електронска пошта info@sbch.org.mk не подоцна од 10.11.2021 година.
Избраните понудувачи ќе бидат известени по електронски пат.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации за овој повик можете да нè контактирате на info@sbch.org.mk.

Aneks 1 - Finansiska ponuda -Povik 1_21 - iznajmuvanje oprema.doc
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Aneks%201%20-%20Finansiska%20...

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk