Европски Институт за зелена економија и одржлив развој

Иницијативниот Одбор на Европски Институт за зелена економија и одржлив развој

повикува стручни соработници од научно-експертската јавност за учество во реализацијата на програмските содржини на Институтот кои се од мултинаучен и просторно регионален карактер

Повикот е отворен за сите заинтересирани поединци, организации, институции и претпријатија.
Поединците е потребно да испратат CV со пропратно писмо, правните субјекти е потребно да испратат портфолио на организацијата со прилог CV на клучниот стручен персонал.

„Европскиот Институт за зелена економија и одржлив развој„ е иницијатива на Институтот за Енергетика и Бизнис - Виена, Австрија, Зружението ЕУРЕМ МК и Националниот Конзорциум за одржлива енергетика и инфраструктура, а во согласност со Акционата Програма за енергетска ефикасност 2017-2018 за техничко-експертска поддршка на Националниот Фонд за Енергетска Ефикасност на Република Македонија и Стратегијата за активности во 2019-2020 година.

Иницијален Одбор

Остварувањето на развојните цели и одржливост во енергетскиот сектор на Република Македонија се дефинирани со закони и подзаконски акти, како и со повеќе развојни планови (стратешки документи) кои исто така ги дефинираат и стратешките цели. Сите овие документи се усогласени со политиките на ЕУ, па така Македонија ги поддржува целите на ЕУ до 2020 година: намалување на потрошувачката на енергија за 20%, намалување на емисии на загадувачки супстанции за 20% и зголемување на процентот на енергија произведен од обновливи извори на енергија за 20% во бруто потрошувачката на финална енергија.

Во светло на климатските промени, обврската на смалување на емисиите на СО2, падот на цените на обновливите извори на енергија и огромниот потенцијал за заштеда на енергија и пари низ мерките на енергетската ефикасност сметаме дека преку Фондот за Енергетска Ефикасност и Европскиот Институт за зелена економија и одржлив развој , Р.Македонија треба да го избере патот на одржливиот развој на енергетските ефикасни системи и со тоа да се отворат нови работни места што би го овозможиле овој Фонд и Институт.

Д-р Арсе Петрески – одржлив развој – меѓународно право - координатор на Европски Институт за зелена економија и одржлив развој

Д-р Катерина Вељановска Блажевска – проект менаџмент, меѓународно право, ЕУ законодавство - Претседател на Собранието на Стопанска Комора на Мал Бизнис

Д-р Благица Сековска – EUREM тренер – одржлив развој - координатор

Dr. Robert Schmidt – President – EUREM Consortium, Nurenberg, Germany - www.energymanager.eu

MSc. Sonja Starnberger– Managing Director Energieinstitut der Wirtschaft GmbH, Vienna, Austria www.energieinstitut.net

Dr. Boris Sucic – Jozef Stefan Institute, Energy Efficiency Centre Slovenia http://www.rcp.ijs.si/ceu/

Нацрт Стратешки документ за 2019-2020 година на Европски Институт за зелена економија и одржлив развој

ЕИЗЕОР со своите партнери ќе ги следат јавните политики за енергетска ефикасност и животна средина, ќе укажуваат на недостатоците и активно ќе придонесуваат кон креирање на јавните политики со предлози базирани на аналитички методи и експертиза.

Посебен фокус ќе се стави на:
(1) создавање средина која му овозможува на експертската јавност и граѓанското општество ефективно да ги оформува јавните политики кои се однесуваат на Транспонирањето на Directive 2012/27/EC (Директива за енергетска ефикасност) и Directive 2009/28/EC (Директивата за обновлива енергија)
(2) следење на имплементацијата на правните и регулаторните аспекти (извештаи, оценка на Секретаријатот на Енергетската заедница) и работа во партнерство со сите засегнати страни и преговарачкиот тим на РМ во отворањето и преговорите соЕУ по поглавјето број 15, кое се однесува на енергетиката, и поглавјето број 27, кое се однесува на животната средина и климатските промени,
(3) зајакнување на влијанието на граѓанското општество за подобрување на јавните политики и практиките за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со поддршка за учество на граѓаните во проекти на заедници (проекти во сопственост на заедници и граѓани) и развивање на ефективни бизнис-модели за финансирање на проекти со обновливи извори на енергија од страна на заедниците.
(4) намалување на административните бариери за примена на технологии базирани врз обновливите извори на енергија: Биоенергија за производство на електрична енергија (воспоставување одржливи модели за обезбедување органски отпад за биогориво) и
топлинска енергија (административни решенија за искористување на топлотната енергија во заедниците), Соларни фотоволтаични системи и колектори (отстранување на административни бариери за продажба на електрината енергија од фотоволтаични инсталации; поттикнување инсталација на соларни колектори), Геотермални топлотни пумпи (поттикнување инсталација на вода-воздух и воздух-воздух системи како супституција на огревно дрво во индивудуални системи за греење)
(5) овозможување пристап до мрежа и функционирање на мрежата со обновливи извори на енергија и дефинирање на: Правила за поврзување на мрежа (проценка на тековните проблеми со поврзувањето на дистрибутивната и на преносната мрежа; препораки за координација со административните процедури). Балансна одговорност за големите произведувачи од обновливи извори на енергија (дизајн на пазарот за интеграција на обновливите извори на енергија со фокус на пазарот за балансирање; усвојување на најдобри практики за функционирање на мрежи со поголем удел на обновливи извори на енергија).
(6) соработка со надлежните институции и проекти , и поддршка на нивните капацитети за воспоставување регистар на објекти на јавната администрација и локалнат самоуправа со потребните податоци за енергетска потрошувачка и изработка на проекции за намалување на потрошувачката на енергија по единица површина согласно достапните технологии и практики
(7) овозможување на оперативна имплементација на ESCO концептот согласно Законот за Енергетска Ефикасност за финансирање во проекти во приватниот и јавниот сектор, и поддршка на Договорите за енергетски услуги кои најмногу се фокусираат на јавниот сектор, преку спроведување на законските одредби предвидени во Законот за концесии и јавно приватно партнерство (Службен весник на Република Македонија бр. 6/2012, 33/104 и 215/215).
(8) создавање соодветна основа и услови за зголемен пристап до финансии / финансиски инструменти за одржливи проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија за компаниите, општините, државните институции и граѓаните ; Истражување и трансфер на знаење и искуство во работењето на фондовите за енергетска ефикасност ќе доведе до зголемување на соодветните инструменти за финансиска поддршка, зголемување на знаењето и свеста на засегнатите страни во однос на проектите за одржлива енергетска ефикасност и обновлива енергија со различни теми.
(9) мониторинг на буџетот и барање одговорност од владата и локалната самоуправа за реализација на зацртаните проекти со годишни планови и тригодишни стратегии за енергетска ефикасност

ПАРТНЕРИ

1. ЕУРЕМ МК - Здружение за енергетска ефикасност

Здружение за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК со членки сертифицирани енергетски менаџери од EUREM Consortium Нинберг, Германија. Програмска определба на организацијата е изработка на одржливи енергетски ефикасни проекти за објектите во експлоатација на деловниот сектор и јавната администрација.
http://www.sbch.org.mk/platformi/eurem-mk

2. Национален конзорциум за одржлива енергетика и инфраструктура / Sustainable Energy and Infrastructure Consortium (SEI Consortium)

Националниот конзорциум за одржлива енергетика и инфраструктура, на иницијатива на EUREM MK и Собранието на Стопанската комора на мал бизнис на Македонија, се основа за поддршка на претстојните локални, регионални и проекти од интерес на членките.

Заинтересираните соработката со Националниот Конзорциум може да ја остварат како Основачки член или како Под-изведувач на проектите.

Членови на Националниот Конзорциум е потребно да поседуваат сертификација и искуство за изработка и управување со проекти за енергетика, енергетска ефикасност, животна средина или инфраструктура.

Оснивачките членови - Premium членки на Комората се воедно членови на Управен Одбор на Конзорциумот.
Под-изведувачи на проектите - Standard членки на Комората ќе бидат дел од базата на заинтересирани соработници.

пријава во Национален Конзорциум >> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20za%20clenstvo%20vo%...

http://www.sbch.org.mk/platformi/sei-consortium

Доставување на пријавите
Пријавите (CV и портфолио) , доставете ги на e-mail info@sbch.org.mk

Контакт телефон: 070 702 133, (02) 244 8077 координатор Д-р Арсе Петрески

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

Национален Конзорциум за одржлива енергетика и инфраструктура
Здружение за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk