ПОВИК ЗА ПОД-ИЗВЕДУВАЧИ ЗА МОНТАЖА НА МАЛИ-ХИРДОЕЛЕКТРАНИ

- Мали Хидроелектрани Западен Балкан -

Состанок на Групација, 25 Јули 2017

Стопанската Комора на Мал Бизнис на иницијатива на Германскиот Технички Клуб во соработка со Индустриската Стопанска Комора на Нинберг (Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken) и Majoor Engeneering Management од 26-29 Јуни реализираше деловна посета на погони за производство и инсталирана опрема на мали хидро-електрани со имплементирана Hydro Power Screw Technology HPS/HPP.
Договорено е формирање иницијатива - Мали Хидроелектрани Западен Балкан - за производство и монтажа на овој тип хидро-електрани на локации во земјите на Западен Балкан. Изработката на металните делови ќе се организира од компаниите на Групацијата на металопреработувачи во Комората под надзор на Majoor Engeneering Management

ПОВИК ЗА ПОД-ИЗВЕДУВАЧИ ЗА МОНТАЖА НА МАЛИ-ХИРДОЕЛЕКТРАНИ

(проектирање и изработка на градежните работи и монтажа на електро-машинската опрема на мали-хидро-електрани)

За поддршка на предстојните проекти за изградба на мали и средни хидроцентрали Majoor Engeneering Management и "Националниот Конзорциум за одржлива енергетика и инфраструктура" повикува соработници - заинтересирани приватни компании и останати организации и засегнати страни. Пријавување со пополнување на пријавата дадена во прилог.

Majoor Engineering Management (портфолио)

Majoor Engineering Management е компанија која нуди наменска иновативни решенија за имплементација на технологии во вашитe бизнис процеси. Tимот на Majoor Engineering Management има силна позадина во истражување и развој на бизнисот на иновативни индустриски производи и решенија. За предстојните проекти поддржани од инструментите на Берлинскиот Процес иницирани на претстојниот WB6 Самит во Трст, 12 Јули 2017 и финансиските линии на KWF, EBRD i EIB Majoor Engineering Management нуди нови технологии во изградба на мали и средни хидроцентрали. За реализација на проектите потребно е партнерство со локални компании со референци и експертиза за изведба на градежни работи, електрична - машинска подготовка и монтажа на опрема за мали и средни хидроцентрали.

Доставување на пријавите

Пополнете ја пријавата дадена, и доставете ја на e-mail info@sbch.org.mk

Контакт телефон: 070 223 686, (02) 244 8077

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех

Small Business Chamber - business success networking

Германски Технички Клуб

Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk