Обука и вработување за Медицински и спортски масер

Комората на Мал Бизнис во соработка со тренинг центарот на Катлановска Бања организира дуална обука за Медицинска и спортска мануелна масажа. Обуката е бесплатна за евидентирани невработени лица во Агенцијата за вработување на РСМ.

Програмата на обуката опфаќа комплетна практична обука за медицинска масажа согласно начелата на Меѓународната стандардна класификација на занимањата ISCO-08 и Националната класификација на занимањата, подгрупа 3255.02 Масер - медицински.

Медицинските масери според класификацијата лекуваат мускулни и коскени заболувања или делови на циркулаторниот или на нервниот систем со рачни методи и со ултразвучни, загреани, ласерски или слични техники. Задачите вклучуваат:

• спроведување постапки на физикална терапија (хидротерапија, криотерапија, парафинотерапија, масажи, електротерапија);
• спроведување на кинезитераписки постапки во професионалната рехабилитација;
• рачно масирање и акупресурна масажа во рехабилитацискиот процес;
• вршење на сродни задачи;
Медицинските масери работат под раководство на лекари.

ОБУКА ЗА МАСАЖА ВО ТЕОРИЈА И ПРАКСА

Обуката е поделена на теоретски и практичен дел. Покрај тоа, учесниците реализираат задолжително стажирање со контакт со пациенти. Обуката се реализира дуално, 30% теоретска настава, 70% практична настава. Следниве области се разработени со програмата за обука:

Анатомија и физиологија
Хигиена
Прва помош и техника завој
Патологија
Термотерапија
Ултразвучна терапија
Техники на масажа за лековити цели
Закон за санитарни работи, трудово право
Документирање
Основи на комуникација
Техники за спа-релакс масажа

Програмата се реализира во соработка со Агенцијата за Вработување на РСМ која помага во избор на соодветен кадар и програма за поддршка со активни мерки за вработување во претпријатијата. Надзорот и сертифицирањето според Германските стандарди на дуално образование.

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОБУКАТА И СЕРТИФИЦИРАЊЕ

Теоретскиот дел од обуката се реализира во простории на Комората на Мал Бизнис, а практичниот дел во Катлановска Бања со динамика секоја недела 1 ден (6 часа) теоретска настава, 2 дена (2х6 часа) практична настава во период од 3 месеци. Обучувачот води портфолио на учесниците врз основа на резултатите од спроведените тестови како и резултатите од практичната обука.

По завршената обука следи завршен испит кој се состои од практичен дел и стручно теоретски дел. Практичниот дел се состои од изработка на практична задача. Стручно теоретскиот дел се состои од писмен тест со прашања.

По положување на завршниот испит учесникот се здобива со сертификат за масер во кој ќе бидат внесени стекнатите вештини и знаења.

Ко-организаторот на обуката - Катлановска Бања ќе им понуди вработување на дел од учесниците кои ќе ја завршат обуката, а согласно нивното портфолио формирано за време на обуката. Тренинг центарот на Катлановска Бања организира дуални обуки за квалификации наменети за кадар во медицински и спа - бањски и туристички организации.

КРИТЕРИУМ ЗА УЧЕСТВО

Завршено средно образование и возраст над 18 години, без претходно стекнати знаења за ова занимање. но можат во оваа програма да се вклучат и кандидати со завршено високо образование. Психофизички здрави со добри природни стекнати и развиени, вид, слух, допир, осетливост на мали поместувања и промена на отпорот, на положба на органите и изведба на движењата, одмерување на напорот потребен за различни работи. Познавањето на Албански јазик ќе се смета за предност при селекцијата.

ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО И ВРАБОТУВАЊЕ

Обуката се реализира со цел обука на дефицитарен кадар за потребите на Катлановска Бања и на учесниците на обуката ќе им биде понудено вработување.

Заинтересираните евидентирани невработени лица ги повикуваме да се пријават до 7 Октомври 2019 год. во Работните клубови на Агенцијата за вработување за бесплатно учество во обуката.

На обуката може да се пријават и учесници кои не се евидентирани како не-вработени, односно повикот е отворен за сите заинтересирани кои сакаат да стекнат квалификации за медицински масер, но нема да можат да ги користат активните мерки за вработување на Агенцијата за вработување и за нив котизацијата за учество изнесува 29.400,00 ден со можност за плаќање на 4 месечни рати.

Сите заинтересирани за учество во програмата ги повикуваме заклучно со 7 Октомври 2019 г. да ја достават на е-маил: info@sbch.org.mk пополнета пријавата дадена на линкот https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20%20Medicinska%... заедно со актуелно CV.

Контакт лице Едвард Софески 070 223 686 или edwards@sbch.org.mk

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех

Small Business Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk