ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА НА КОМПАНИИТЕ

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Management Session & After Work Network

Во Менаџмент Клуб сесијата на 25 Ноември 2016 г. ценетите гости ќе разменат искуства и воспоставена пракса за Влијание на јавното мислење врз креирање на деловните политики со осврт на:

- Практикување на Моделот на односи со јавноста во компаниите

- Информирање на јавноста - формирање на јавно мислење

- Влијание на јавното мислење врз креирање на деловните политики

- Лобирање на деловната јавност во креирање на јавни политики

Односите со јавноста се планираат како непрекината активност да се воспостават и одржат добри односи и меѓусебно рабирање помеѓу организацијата и нејзината публика: купувачи, вработени, акционери, трговци , добавувачи, влади и општеството во целина.

Преку користењето на зборовите на одреден начин, способен професионалец може да влијае на односите со јавноста и на промена на однесувањето и очекувањата. Во општеството, маркетинг односот во јавноста е значаен за обликување на мислењата. Но исто така и во обратен правец јавното мислење влијае во креирањето на деловните политики на организациите и компаниите.

МЕНАЏМЕНТ КЛУБ КМБ КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех Small Business Chamber - business success networking Комора на мал бизнис на Македонија повикува на учество во Менаџмент Клуб КМБ сесиите - отворена платформа за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите. Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во креирање на деловните и општествени маркетинг комуникациските политики и односите со јавноста. Пријавување учество во Менаџмент Клуб КМБ сесијата на 25 ноември 2016 г. се врши со кликнување на линкот „ПРИЈАВА„ и пополнување на потребните податоци за учесниците. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис. Стопанска комора на мал бизнис бул.Јане Сандански 113 1000 Скопје тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134 info@sbch.org.mk www.sbch.org.mk

КОТИЗАЦИЈА: 3.250,00ден.

  1. Петок, Ноември 25, 2016

    ПРАШАЛНИК за менторска поддршка во прилог

    Компаниите и организациите кои имаат тековни проекти (промоција на производи и услуги, брендирање или ре-брендирање на организацијата на нови деловни пазари и сл.) за кои би сакале да остварат менторска поддршка ги повикуваме да го пополнат формуларот во прилог за организација на состанок со ментор за промоција и односи со јавноста.