Менаџмент Клуб КМБ

Management Session & After Work Network

CASH-FLOW Forecasting
управување со готовината - буџетирање и проекција на готовински тек
Проекцијата на готовинскиот тек претставува суштински елемент на процесот на планирање и основа при буџетирањето и проценките на идните финансиски потреби. Исто така, дава информации за тоа како и на која основа се зголемува или намалува готовината во текот на периодот на кој се однесува проекцијата.

  • намалување на ризокот - поврзан со готовинскиот тек
  • различни извори на готовина и нејзина употреба
  • управување со готовината - клучни менаџерски практики
  • осигурување на домашни и ивозни побарувања

Во Менаџмент Клуб сесијата на 23 септември 2016 г. ценетите гости ќе разменат искуства и воспоставена пракса за Управување со готовинските текови во своите компании и организации. Поврзаноста на извештајот за готовински текови со билансот на состојба и билансот на успех, Определување на готовинските текови од оперативни, финансиски и инвестициони активности, Најчесто користени показатели за анализа на готовинските текови ќе бидат клучните теми на сесијата.

Организаторот Центарот за финансирање и менторска поддршка при Стопанската комора на мал бизнис на Македонија повикува на учество во Менаџмент Клуб КМБ сесиите - отворена платформа за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Пријавување учество во Менаџмент Клуб КМБ сесијата на 21 октомври 2016 г. се врши со пополнување на пријавата дадена во прилог кои ќе ги доставите на факс: (02) 244 8134 или на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901 Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 3.250,00ден.

  1. Петок, Октомври 21, 2016

    Проекцијата на готовинскиот тек треба да даде одговор на следниве прашања:

    • Зошто готовинскиот тек е значаен?
    • Како да го намалиме ризикот во работењето поврзан со готовинскиот тек?
    • Кои се изворите на готовина и за која намена се употребува готовината?
    • Како да ги проектирате идните приливи и одливи на готовина?
    • Дали вашиот бизнис генерира доволно готовина за да ги плаќа доспеаните обврски?
10/21/2016
Add to Calendar