Македонска банка за поддршка на развојот

Основање
Македонска банка за поддршка на развојот ад Скопје е единствената развојна банка во Република Македонија основана со посебен Закон за основање на Македонска банка за поддршка на развојот на 21. мај 1998 година  (Сл. весник на РМ бр. 24/98, 6/2000, 109/2005 и 130/2008). Во 2009 година е донесен новиот Закон за МБПР (Сл. весник на РМ бр. 105/2009), со цел подобрување на нејзината позиција и специфична улога на развојна банка во банкарскиот сектор и во стопанството на РМ.

Стратешка цел
МБПР е развојна и извозна банка чија што стратешка цел е да го поддржува и поттикнува развојот на македонското стопанство преку кредитирање на мали и средни претпријатија и извозни компании. Банката работи во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на РМ под надзор на Министерството за финансии и во согласност со банкарската регулатива под супервизија на Народната банка на РМ. За своите обврски МБПР одговара со целиот свој имот, а РМ гарантира за обврските на Банката.

Активности на МБПР

  1. финансирање на развојот на македонското стопанство,
  2. финансирање на инфраструктурата,
  3. поддршка на развојот на малите и средни претпријатија во РМ,
  4. поттикнување на извозот,
  5. поттикнување на заштита на животната средина,
  6. осигурување на извозот на македонски производи и услуги од комерцијални и политички ризици.
  7. поддршка на регионалниот развој

Сопственост
МБПР е акционерско друштво чиј основач и 100% -тен сопственик е Република Македонија.

Вработени
40 вработени на ден 31.12.2015 година.

Мисија
Нашата мисија како развојна и извозна банка на Република Македонија е поддршка на создавањето на нови вредности кои се темелат на знаење, културно наследство и природното богатство со цел постојан и рамномерен развој на сите региони на Република Македонија.