ISO/IEC 50001:2018 стандард за Енергетски менаџмент системи (EnMS)

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Закон за енергетска ефикасност и EnMS транзиција

PROMO VIDEO
Are we ready to manage energy ?
https://youtu.be/5oTHOdm6p-Y

Компаниите кои имаат воведен ISO/IEC 50001:2018 сертифициран Енергетски Менаџмент Систем (EnMS) енергетската контрола на секои четири години пропишана со Законот за Енергетска ЕФикасност може да ја вршат со обучено лице-енергетски менаџер, вработено во компанијата.

Согласно Законот за Енергетска Ефикасност енергетски контроли во јавниот сектор и големите претпријатија се задолжителни. Согласно Законот предвидена е обврска за спроведување на енергетска контрола од страна на големите претпријатија на секои четири години и глоби доколку контролата не се реализира од овластено лице.

Согласно овој закон, лицата од јавниот сектор се должни да определат од редот на своите вработени одговорни лица кои го следат и управуваат со производството и потрошувачката на енергија во зградите и градежните единици во кои вршат активности, како и да ги спроведуваат пропишаните мерки за подобрување на енергетската ефикасност за кои се одговорни.

----------------------------------------------------------

Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар „ISO/IEC 50001:2018 стандард за Енергетски менаџмент системи (EnMS)„ , кој ќе се реализира on-line во два дена на 17 и 21 Април 2021 г.

После оваа обука учесниците ќе се здобијат со следните придобивки:

- Препознавање на одредбите и барањата од стандардот ISO 50001:2018 – Системи за менаџмент со енергија. Барања со упатство за примена.
- Осознавање на насоките за примена на системи за управување со енергија кои ги нуди ISO 50001:2018.
- Појаснување на целите на ISO 50001 и предностите на организациите кои го имплементираат и користат стандардот.

По успешно завршување на обуката, учесниците ќе ги познаваат одредбите и барањата од стандардите ISO50001:2018 / ISO50001:2011, документацијата поврзана со промените, воспоставување и одржување на EnMS и учесниците ќе се стекнат со вештини и знаења потребни за воведување на бараните промени и успешност во процесот на транзиција од ISO50001:2011 во новиот ISO50001:2018 стандард.

Обуката е наменета за продлабочувања на експертските сознанија на раководители, енергетски менаџер, интерни проверувачи и технички експерти преку согледување на современите тенденции во поглед на управување со сите аспекти на енергијата преку задолжителните барања на новата верзија на стандардот и Законот за енергетска ефикасност.

--------------------------------------------------------------

Учесниците можат да продолжат со следни модули на меѓународно сертифицирани обуки:

- ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ EN ISO 19011:2018 (НОВАТА ВЕРЗИЈА)
- ВОДЕЧКИ ПРОВЕРУВАЧИ EN ISO 19011:2018 (НОВАТА ВЕРЗИЈА)
- ЕУРЕМ 2020 - Европски Енергетски Менаџер http://www.cosmoinnovate.com.mk/obuki/magjunarodniobuki/energetskaefikas...

---------------------------------------------------------------

Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво на Министерство за Економија поддржува до 75% од трошоците за обуки, изработка на софтвер и дигитални решенија за поддршка на бизнисот и производството, изработка на технички-инвестициони проекти и воведување и сертификација на ISO стандарди.
Повеќе на линк >>> https://economy.gov.mk/Upload/Documents/%D0%88P%20%20DELOVNI%20SUBJEKTI%...

---------------------------------------------------------------

Пријавување учество се врши со пополнување на пријавата дадена на линкот >>> http://sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20za%20ISO_IEC%2050001_2018.doc или на банерот СНИМИ ПРИЛОГ која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/223 686

КОТИЗАЦИЈА: 8.850,00ден.

  1. Сабота, Април 17, 2021

    ISO/IEC 50001:2018 стандард за Енергетски менаџмент системи (EnMS)

    Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти.
    Котизација за учество на дво-дневната обука е 8.850,00 ден./лице.

    ПРОГРАМА:

    Модул 1 - Законски и административни норми

    -Законски основи на енергетиката во РСМ
    Закон за енергетика и Закон за енергетска ефикасност
    - Дигитализација на администрација согласно законски одредби - Софтверско решение за автоматизација и управување со системот за квалитет ISO 50001

    http://sbch.org.mk/novosti/line-%D0%B4%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B8-com...

    Модул 2 - Систем за енергетски менаџмент според ISO 50001

    Основи поставки на ISO 50001:2018 споредба со старата верзија
    - контекст на организацијата, Опсег на системот за управување, Систем за управување со енергијата,
    -Лидерство, енергетска политика, улоги и одговорности
    - Планирање, ризици и можности, цели, енергетски преглед, енергетски карактеристики, референтна линија, прибирање на податоци
    - Одржување, ресурси, компетентност, совесност, комуникација, документирана информација

    Имплементација на мерки за зголемување на енергетската ефикасност и проверка
    - Дејности, оперативно планирање и управување, проектирање, набавка
    - Интерен одит и преглед на раководство
    - Подобрување Систем за енергетски менаџмент според ISO 50001

    Вежби -Енергетско планирање
    Примери од пракса
    Тест