SEI Consortium

Национален Конзорциум за Одржлива Енергетика и Инфраструктура /
Sustainable Energy and Infrastructure Consortium (SEI Consortium)

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Основачки состанок на Национален Конзорциум за Одржлива Енергетика и Инфраструктура / Sustainable Energy and Infrastructure Consortium (SEI Consortium) , на иницијатива на EUREM MK и Собранието на Стопанската комора на мал бизнис на Македонија, е одржан на 9 април 2016 година во Скопје. Националниот конзорциум е групација во Комората на Мал Бизнис која се основа за поддршка на претстојните локални, регионални и проекти од интерес на членките.

Националниот конзорциум за одржлива енергетика и инфраструктура повикува за поддршка на иницијативата и учество од заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на проекти за одржлив развој, животна средина, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и/или подготовка и реализација на институционална рамка за политиките на одржлив развој, екологија, енергетика и енергетска ефикасност.

Соработката со Националниот конзорциум заинтересираните можат да ја остварат како Оснивачки членови (партнери и изведувачи) или како соработници (подизведувачи):

1. Оснивачки Членови на Националниот Конзорциум се правни субјекти кои се Premium членови на Стопанската Комора на Мал Бизнис. Членовите можат активно да учествуваат во работата на Националниот Конзорцум - да иницираат проекти, да креираат партнерства и да бидат изведувачи на проектите. Членовите на Националниот конзорциум е потребно да поседуваат меѓународна сертификација и искуство за изработка и управување со проекти за енергетика,енергетска ефикасност, животна средина, инфраструктура или одржлив развој:

- членство во Здружението EUREM MK (сертифицирана обука за енергетски менаџер по програма www.eurem.net ) или

- сертифицирана обука за енергетски менаџер, енергетски проект-менаџер, изработка на проекти за одржлив развој по релевантна меѓународна програма

- лиценца за проектирање и/или изведба на градежни и инфраструктурни проекти

2. Соработниците (подизведувачи) на Националниот Конзорциум се Standard членови на Комората и дел од базата на заинтересирани соработници. Соработниците се физички лица или правни субјекти кои е потребно да поседуваат меѓународна или национална сертификација и искуство за изработка и управување со проекти. Подобните соработници ќе бидат повикани како подизведувачи на проектите на Националниот Конзорциум.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРОГРАМИ

Каталог на Конзорциум за Одржлива Енергетика и Инфраструктура на линк >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/SEI%20Consortium%20Portfolio.doc

Пријава за членство во Национален Конзорциум за Одржлива Енергетика и Инфраструктура на линк >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20za%20clenstvo%20vo%...

ESCо-SUN - модел за финансирање на проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор, локалната самоуправа и деловниот сектор. https://www.sbch.org.mk/povici/esco-sun-2020

Мали Хидроелектрани Западен Балкан http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B...

Групација за производство, продажба, одржување и монтажа на котли - http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B...