Sustainable, Green & Smart Regions

Општина Кочани воспостави соработка со Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија www.sbch.org.mk - во функција на SGS (Sustainable Green & Smart) експертска поддршка https://goo.gl/2VFJU1 , а со поддршка на Швајцарската Фондација SWISSCONTACT и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability Programme) www.ime.org.mk претставници на Општината Кочани , подготвуваат проектна документација за одржливи проекти за подобрување на на економскиот развој на општината.

Во четврток 7 јуни 2018 г. од 10.00 часот во општина Кочани ќе се реализира промоција на проекти за Источен плански Регион - Sustainable, Green & Smart Regions. Повеќе на линкот https://goo.gl/dTfFD3

Целта на настанот е презентирање на проекти од интерес и опфат на Источниот Плански Регион и помали проекти во рамки на локалната самоуправа и деловниот сектор погодни за поддршка и финансирање преку моделите превземени со соработката со Increasing Market Employability Programme и SWISSCONTACT. Настанот е пријавен како единствен и официјален Македонски настан во иницијативата на Европската Комисија EUSEW - European Sustainable Energy Week, 4-8 June 2018 http://www.eusew.eu/energy-days/sustainable-green-smart