THE NEXT GENERATION LEADERS

Кои се ново-поставените правила во една комплексна средина на бизнис делување, особено за извозно ориентирани претпријатија?

THE NEXT GENERATION LEADERS https://youtu.be/cFF8FiiS4pU
New roles in a complex environment for internationally minded enterprices

Комората на мал бизнис, во соработка со Матрона Консалтинг, на ден 29.10.2021 година, реализираше вебинар со суштинска цел на поттикнување на иновативен пристап на идно делување на бизнис ентитетите, обезбедување на know-how, информации и понуда на соодветна практика за настап на македонските компании на надворешен пазар, особено преку извоно-ориентирана политика. Вебинарот беше предводен од страна на претседателката на Собранието на Комора на Мал Бизнис, д-р Катерина Вељановска Блажевска и директорката на Матрона Консалтинг, Тања Евросимовска. http://sbch.org.mk/novosti/new-roles-complex-environment-internationally...

Понудената содржина на вебинарот е во директна корелација со платформата за „Зелено Сертифицирање„ Eco-En Cert http://sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert и воспоставувањето на сертификациони шеми за зелени општествено одговорни проекти и одржливи деловни практики на компании и организации се стандарди за препознавање на зелени општествено одговорни субјекти во ЕУ деловниот пазар и проекти.

Вебинарот, во голема мера се фокусираше на приказ на концепт на поттикнување на уникатен развој на претпријатието, со истакнување на важноста и кредибилитетот на личноста и нејзиниот кариерен развој, како важен, незаменлив ресурс. Овие потенцијали дополнително се практикуваат преку програми за менторство, кои се во понуда на агендата на Комората за мал бизнис за своите членки и сите заинтересирани субјекти, приватни и правни лица.
Како главен заклучок од вебинарот се посочи на идните придобивки во бизнис светот кои ќе бидат реални и возможни само за оние кои во фокус ќе ја постават хуманата димензија на живеење, усогласена со реалните можности, како и поставени цели и мисија на деловната организација и нејзиниот менаџмент.

Наша мисија е да доловиме и да посочиме на потребата од ефикасна примена на нови хоризонти за кариерен раст и развој, а со тоа и развој на претпријатието кое се претставува. Важно е да се вреднува сечиј придонес, но и да се иницира на создавање на додадена вредност преку своето делување, а преку конкретно преземени мерки и заложби. За таа цел, важно е да се поттикне на: јасно комуницирање, градење на поддршка во средината, прифаќање на ризикот и неуспехот како нармална состојба, препознавање и признавање на достигнувањата.
Автентичниот, уникатен концепт на бизнис делување е секогаш пропратен со ситуациски фактор, но и многу практика и стекнато искуство. Важно е секој потфат на вработениот персонал и менаџментот да биде релевантен, оригинален и со доза на позитивно влијание и афирмација.

Следете не’ за нови настани, совети и соработка преку водење на бизнис со доза на кредибилитет, етика и професионалност.

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

Програми за поддршка >>> http://www.sbch.org.mk/programi/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%...

Програмите на Комората на Мал Бизнис овозможуваат поддршка на членките за економски развој, иновативност, конкурентност, брендирање и нивна промоција на нови деловни пазари.

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk