Green Social Enterpreneurship Network - AGRO-green economy посета во Неготино на 28 Мај 2021 г.

Во организација на Green Social Enterpreneurship Network во петок 28 Мај 2021 реализиравме посета на партнерската организација Еко-Вита во Неготино.

После посетата на Еко-Вита, се реализира посета и на Винаријата Попова Кула. Целта на посетите е запознавање со проекти за зелена економија во агро секторот за што инструкции и презентации добивме од лидерите на Еко-Вита - Г-н Сашо Тодоров и на Винаријата Попова Кула - Г-н Јордан Трајков.

Инзвонредна прилика за разговор и размена на идеи меѓу партнерите на „Зелената Мрежа„ , ексклузивна прилика да се погледне фарма на свилени буби, најмодерен автоматизиран систем за одгледување на печурки, современа винарија која ја проширува понудата и пазарот со иновативни продукти ... Г-ѓа Барбара Садосци - лидер на Проектот за поддршка на социјални претпријатија со своите совети и позитивна енергија силно ги поддржа концептите на социјално претприемништво на младиот тим на Еко-Вита.

Програма Претприемништво и социјален импакт >>>
http://www.sbch.org.mk/programi/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BF%D1%80%D0%...