EU4EG проектно финансирање на GIZ - аплицирање со Eco-En верификација и аудит

EU for Economic Growth (EU4EG) Project - Contracting Authority: Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit GmbH (GIZ) на 1 Март 2023 год. објави повик за микро,мали и средни претпријатија во регионите Полог и Преспа за финансиска поддршка до 50% за проектни предлози наменети за набавка на нови машини и технологија.

На повикот можат да аплицираат претпријатија кои се идентификувани преку мрежата на напредни услуги за поддршка на бизнисот и кои веќе се корисници на предложените услуги што ги обезбедуваат локалните организации за поддршка на бизнисот.

Комората на мал бизнис е регистрирана BSO (Business Support Organisation) во EU4EG проектот и овозможува поддршка на заинтересираните претпријатија за реализација на потребните аудити, верификации и процедури барани со повикот за менторирање во процесот на аплицирање и реализација на проектните активности кои се под надзор на контролори на GIZ.

ГОЛЕМИНА НА ГРАНТОВИ

Секој грант побаран според овој Повик за проектни предлози мора да се движи помеѓу следните минимални и максимални износи на вкупните прифатливи трошоци за акцијата:
• Минимум: 50.000 ЕУР и
• Максимум: 100.000 ЕУР.

Бараниот грант мора да падне помеѓу следните минимални и максимални проценти од вкупните прифатливи трошоци за акцијата:
• Минимум: 20%;
• Максимум: 50%.

Очекуваното вкупно времетраење на реализација на проектните предлози е максимум 12 месеци.

ПОДДРШКА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Апликацијата се изработува согласно потенцијалните проекти за набавка на нови машини и технологија забележани по технолошки аудит претпријатието (апликантот) и евидентирани во верификацискиот извештај за Eco-En Cert сертификација. Се реализира како надворешна ESG (Environmental, Social и Governance) сертификациска рамка за социјално одговорен организациски менаџмент и управување со животната средина. Во цената за Eco-En Cert сертификација е вклучен ангажман за изработка на апликација за тековниот EU4EG повик.

Eco-En Cert сертификација
http://www.sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

EU4EG повик
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/01.EU4EG_2nd%20Call%20for%20M...

Краен рок за аплицирање: 20 Април 2023 год.

Контакт лице за поддршка: Едвард Софески тел. 070 223 686

---------------------------------------------------------------------------------------------------------

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk