EU Info Center - Јавна дебата по Закон за Енергетска Ефикасност

На 31 Јануари 2019 год. Комората на Мал Бизнис и Европски Институт за Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој организираa јавна дебата за Предлог Законот во соработка со Министерство за Економија на РМ и Европска Делегација во Скопје.

Посебна благодарност за активносто учество и поддршка на Димитар Малиновски од Европската Делегација, Валентина Старделова , раководител на сектор за енергетика во Министерсво за Економија, Ѓиле Вишај - прв секретар во Амбасада на Република Словенија, Татјана Перовиќ Митрова - раководител на економскиот оддел во Амбасада на Црна Гора, Маја Морачанин - пратеник во Собранието на РМ и претседател на ДОМ.

Едвард Софески во име на Управниот Одбор ги презентираше приоритетите за поддршка на развојот на енергетиката и енергетската ефикасност во Македонија. Катерина Вељановска Блажевска - Претседател на Собранието на Комората ја промовираше платрформата за здружување на експертскиот потенцијал во Македонија и регионот во Европски Институт за енергетска ефикасност и одржлив развој. Марјан Ненов - координатор на ЕУРЕМ МК - здружение на енергетски менаџери ја модерираше јавната дебата од која произлегоа заклучоци дека во следните 9 месеци е потребна силна експертска и финансиска поддршка на Министерството за Економија за подготвка на подзаконските акти и координирање на финансиските институции, програми и фондови за реализација на сите физибилни проекти за енергетска ефикасност и примена на обновливи извори на енергија во јавниот и приватниот сектор.

Јавната расправа за Нацрт текст на Законот за Енергетска Ефикасност ќе продолжи во текот на Февруари 2019, тексот на Законот и забелешките може да се дадат на следниот линк:

https://www.sbch.org.mk/povici/%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%...