„Green Transition Skills„ 1 Ноември 2024 , Отворена Промоција
ОТВОРЕНА ПРОМОЦИЈА
Во петок 1 Ноември 2024 година од 11.00 часот ќе се реализира отворена промоцијата на мобилити тренинг програмата на проектот Green MiCred Pathways https://green-pathways.eu/
Домаќин на настанот е Општина Илинден партнер на Комората на мал бизнис во реализација на обуките од проектот и креирање ESG зелени општествено одговорни програми за соработка на компаниите со заедницата.
Настанот ќе се реализира во Домот на Култура на Општина Илинден.
Агенда на на настанот на линкот >>> https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/%D0%90%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%...
ЗЕЛЕНИ ОБУКИ ЗА МЛАДИНЦИ
Комората на настанот ќе промовира можност во почетокот на 2025 година претставници на младинци (18-29 години) од компаниите/заедниците да проследат обуки за унапредување на зелените вештини во градежен сектор во 5 еднонеделни обуки кои ќе се реализираат во Шпанија, Ирска, Бугарија, Шведска и Латвија кај партнерите на Комората во проектот Green MiCred Pathways.
Обуките се бесплатни за Premium членките и спонзори на Комората кои имаат фунцкионални одржливи програми за соработка со заедницата, а предложениот учесник ќе има можност да ги пренесе/сподели стекнатите зечени вештини во заедницата и компанијата во рамки на програмите за соработка. Предложените учесници може да бидат претставници на заедницата или вработен во компанијата номиниран од заедничката програма.
Забелешка: Рокот за пријавувањето учесник за обуката во Ирска е 15 Ноември 2024 бидејќи е потребна издавање влезан виза 2 месеца пред обуката планирана во март 2025 година.
ЗЕЛЕНИ ОБУКИ ЗА МЕНАЏМЕНТ
На настанот ќе се промовираат и 70 on-line обуки за поддршка на развојот на одржливи бизнис системи во компаниите кои Комората на членките на преку Erasmus + проектот Catalyst ќе ги понуди за зголемување на капацитетите на одговорните за воспоставување и управува со одржливи стандарди, проектите за намалување на јаглеродниот отпечаток, инвестиции во зелени, циркуларни и проекти со обновливи извори на енергија, верификација на ESG општедтвено одговорните практики, креаторите на годижни извештаи за одржливост.
ЗЕЛЕНИ ОДРЖЛИВИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНВЕСТИЦИИ
На настанот ќе се презентират и примери на проекти за примена на енергетска ефикаснот и обновливи извори на енергија за подобрување на одржливоста во компаниите и модели за инвестирање во одржливи енергетски проекти во заедницата согласно обврските за ESG извештаите за одржливост.
ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО
Пријавување со формален допис со наведено име и презиме на најмногу двајца претставници од една компанија/организација кој ќе го испратите на e-mail: info@sbch.org.mk
Учеството е ослободено од котизација.
Бројот на учесници е со физичко присуство и ограничен.
Информирајте не за вашата потреба за поддршка за зелени организациски вештини и изработка на годишни извештаи на одржливост на info@sbch.org.mk и дадените контакти.
КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking
Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
