Управување со цената на енергијата - 20 Февруари 2021

Цената на енергијата во годишните договори со снабдувачот е либерализирана и зависна од берзанските цени и инвестициите во енергетска ефикасност или обновливи извори на енергија. Правните субјекти можат да изберат снабдувач на енергијата, но можат и да произведуваат енергија пред се за сопствени потреби, а со дополнителни инвестиции за заштеда на потрошувачката на енергија и соработка со енергетските компании да произведуваат и продаваат вишоци енергија.

Енергетските компании и компаниите кои нудат енергетски услуги можат да понудат модели на финансирање на енергетски заштеди, производството и трговија со енергија во партнерство со деловните субјекти што е тема на претстојниот семинар кој ќе се реализира на 20 Февруари 2021 г.

АГЕНДА

- Законски основи на енергетиката во РСМ

- Директиви на ЕУ - Либерализација на енергетскиот пазар

- Управување со трошоците за енергијата во компаниите и организациите

ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО

Активно учество е ограничено за Standard и Premium членки на Комората. Ве повикуваме со испраќање на пополнета пријава на е-маил: info@sbch.org.mk да ни потврдите учество на семинарот.

Пријава на линк >>>
http://sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20za%20Upravuv...