Приоритетни инвестиции во ефикасни топлински системи

Проектите за оптимизација, мерки за заштеда и енергетска ефикасност на системите за греење во деловниот и резиденцијалниот сектор се еден од приоритетите за поддршка од финасиските институции во земјите на Западен Балкан.

Согласно Закон за Енергетска Ефикасност од 2019 год. предвидени се контроли на котловските постројки и енергетски аудит на објектите ,а согласно Directive (EU) 2015/2193 за ограничување на емисиите на одредени загадувачки материи во воздухот од постројки за согорување за употреба на териоторијата на РМ предвидено е сертифицирање на котлите на биомаса за резиденцијална и индустриска намена.

Целта на семинарот е зголемување на капацитетите на претпријатијата кои се занимаваат со производство, продажба, одржување и монтажа на котли за подготовката на релевантни технички проекти придружени со соодветна методологија за економска анализа на финансирањето кое е услов за пристап до соодветните фондови.

Програма и пријавување на линкот >>>
https://www.sbch.org.mk/content/%D0%B5%D1%84%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%81%D0%...