Поддршка на Зелени и Циркуларни Бизниси, Струга 3 Јули 2024 год.

Комората на Мал Бизнис - Национална организација за поддршка на бизнисот во проектот EU4EG раководен од GIZ ги повикува на 3 Јули 2024 год. во Струга заинтересираните приватни компании, финансиски организации (банки, фондации, донаторски организации),јавниот сектор, невладиниот сектор и образовните институции да учествуваат на завршниот настан од цилусот тематски настани за запознавање со обврките кои произлегуваат од Зелениот договор на ЕУ .

На настанот ќе се презентираат зелени бизнис иницијативи/концепти во производство, логистика и енергетика за кои ќе се анализираат бизнис моделите за нивно финансирање.

Цели на настанот:

Да се ​​усогласат идеите и концептите на учесниците со регулаторните рамка поставена од Зелениот договор на ЕУ при креирање зелени и циркуларни деловни модели.

Специфични цели на настанот:

- Да обезбедат насоки за учесниците за економски и инвестициски практики за развој на зелени и циркуларни деловни модели
- Да се ​​иницира создавање модели за финансирање одржливи зелени и циркуларни проекти иницирани од заедничко партнерство на компаниите со локалната заедница

АГЕНДА

Агендата е дадена на линкот >>> https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/EU4EG_Agenda_DEVELOPING%20A%...

ПРИЈАВУВАЊЕ

Контакт e-mail jovan.gavrilovski@giz.de на Г-н Јован Гавриловски GIZ EU4EG Регионален Советник кој формално ќе го информирате за вашето присуство заклучно до 12.00 часот на 2.07.2024 . Поради ограничениот капацитет ве молиме за навремена формална потврда за учество на настанот.

ПОДДРШКА ЗА БИЗНИС МОДЕЛИ

Верификуваните консултанти од EU4EG проектот овозможуваат поддршка за изработка на циркуларни бизнис модели, проценки и услуги за поддршка на развој на мали и средни претпријатија во регионите опфатени со проектот (Северо-Источен, Полог, Југо-Западен и Полог)

Поддршка во реализација на зелените и циркуларни бизнис модели Комората нуди преку неколку деловни платформи за вмрежување и соработка - пополнете пријава дадена на линкот >>> https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20za%20delovna%20pla...

---------------------------------------------------------------------------------

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk