Национална сертификација за Енергетски Менаџери согласно EU директива и Закон за Енергетска Ефикасност на РМ

Согласно Акционата Програма за енергетска ефикасност 2017-2018 на ЕУРЕМ МК за Владата на РМ, препораките на ЕУ директивата за енергетска ефикасност - Directive 2012/27/EU http://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=celex%3A32012L0027 за подготовка на Закон за Енергетска Ефикасност на РМ од септември 2017 ЕУ сертифицираните национални Енергетските Менаџери се задолжени за енергетски аудит и воспоставување на енергетски менаџмент систем во објектите во експлоатација на државните институции и административни и индустриски објекти на малите и средни претпријатија.

Енергетските Менаџери вршат и супервизија за законски дефинираните национални таргети на заштеда на енергија и функционалност на енергетскиот менаџмент систем со енергетскиот аудит на секои 4 години и предлагаат соодветни мерки и одржливи технички проекти.

Националните тергети за енергетска ефикасност се однесуваат на проекти во објектите на државните институции и административни и индустриски објекти на претпријатијата за:

- Мерењето на потрошувачката на електрична енергија, природен гас, централно греење/ладење и системи за достава на топла вода

- Информативен систем за потрошувачката на енергијата

- Проекти за енергетска ефикасност за греење. ладење и климатизирање на објектите

- Проекти за енергетска ефикасност во трансформација, пренос и дистрибуција на енергијата вклучувајќи и проекти за производство од обновливи извори на енергија: мали хидроцентрали, соларни панели, когенеративни системи, геотермални топлотни пумпи, пелети (производство) итн.

Повикот за European Energy Manager - EUREM 2017 обуката - Европски сертифицирана програма на Индустриската Комора на Нинберг, Германија е објавен на линкот http://www.sbch.org.mk/povici/eurem-%D0%BE%D0%B1%D1%83%D0%BA%D0%B0-2017

ПРИЈАВУВАЊЕ

пријавувањето и пополнувањето на групата е ВО ТЕК

Учесниците на предстојната обука EUREM 2017 имаат 10% попуст за PREMIUM членките во Комората на Мал Бизнис.

група: октомври 2017

пријава - http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/prijava%20za%20EUREM%20obuka%...
Пополнетата пријава испратете ја на e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk