Кое е вашето “зелено решение“?

Дали зелените бизниси имаат можност за развој и континуиран прогрес во македонски општествени рамки? Постојат ли доволно зелени консултанти за взаемна поддршка со бизнис секторот?

Многу очекувања за подобрување на зелената економија, анализи, решенија за тековните пројавени предизвици, особено од аспект на потребата на разработка на зелени политики, социјална еднаквост, развој и напредок... на 19-ти Ноември, 2021 година, стартува јавната дебата “Roadmap to Your Green Deal“, каде се очекува разрешување на сите погоре посочени прашања во зедничко поле на интерес.

Станува збор за сублинирана активност во рамки на проектот „Потрошувачите за одржливост - Институционализирање на локалниот дијалог за политиките и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“, финансиран од страна на Европската унија, каде што како партнер во реализација се јавува и Комората на мал бизнис.

Овој настан ќе биде промовиран во хибриден формат, со директно учество на панелисти и презентери, со почеток во 11:00ч. во Хотел Солун, Скопје, како и со можност за директно проследување на настанот преку социјалните медиуми и јавниот, интернет простор.

YouTube streaming VIDEO
https://youtu.be/_ffgik9iWk4

Јавната дебата ќе биде прикажана во рамки на три панели, кои се однесуваат на потребата од: имплементација на европски политики за Green Deal во локалните заедници и бизниси; улогата на зелените социјални претпријатија како составен дел од транзицијата кон фер, зелени циркулани општества; како и примери од практика – зелени концепти EcoCert, за иницирање на зелени општествено одговорни проекти, од страна на бизнис ориентирани и невладини организации, како и претприемнички ориентирани поединци. Целта на настанот е да поттикне на проактивност и поширока перцепција во анализирањето и разбирањето на зелените политики и практики, а сето тоа надополнето со можностите за развој на социјалните претпријатија.

Уникатноста на овој настан е севкупниот транспарентен процес на негова реализација и тековна комуникација со јавноста, што е практика која е потребно да се применува при секое поставување на јавна политика и нејзина понатамошна имплементација. Имено, преку користење на софистицирани алатки за он-лајн комуникација, на сите засегнати граѓани од зелените политики и нивниот развој, а пред се, бенефит за македонското општество од истите, им беше овозможено, не само да го искажат својот став туку и да постават директни прашања кои ќе се земат во предвид при водење на отворената дебата за време на тематски заокружените панели.

Одржливоста и додадената вредност на самиот настан е можноста за бесплатно учество и интерактивност од страна на најмладите учесници, студенти, активисти, индивидуални претприемачи на старт-ап бизниси, кои имаат потенцијал за креирање на зелени практики, како и дополнителна можност за едукација во ова особено суштинско поле на секојдневното живеење, кое не познава граници, ниту нации.

Кое е вашето “зелено решение“? Ве очекуваме!

ПОДДРЖАНО ОД:

Green Social Entrepreneurship Network
Зелена Мрежа на Социјално Претприемништво

https://green-social-network.webflow.io/projects