Изработка на инвестициски програми и бизнис планови за зелени проекти

Комората на Мал Бизнис на членките им овозможува поддршка за подготовка на проектни концепти и програми за поддршка од инвестициски и донаторски фондови за „зелени„ инвестиции, дигитализација и модернизација на деловното работење.

Ги повикуваме членките за учество во тековните програми:

1. ФИТР повик- Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст - аплицирање до 15 Јуни 2022 г.
Повик на линк >>>
https://fitr.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%b1%d1%80%d0%b7%d0%b0%d0%bd-%d1%80%d0%b0%...

За пријавување на претпријатијата на повикот е потребно да се достави проектен концепт кој вклучува „зелен„ инвестициски/ развоен план и аудит за енергетска ефикасност/проценка за дигитален бизнис модел. Претставници на EUREM MK Асоцијација на енергетски менаџери и Smart Digitalization Cluster при Комората на мал бизнис за потребите на заинтересираните апликанти на повикот на ФИТР можат да изработат аудит за енергетска ефикасност/проценка за дигитален бизнис модел.

on-line инфо сесија за повикот ќе се одржи на 20.05.2022 од 13ч до 15ч

Преку ZOOM апликацијата на следниот линк:

https://us06web.zoom.us/j/84937108211?pwd=RGFOMXdUS005VTdDbnpnZWI1clF2Zz09

Meeting ID: 849 3710 8211
Passcode: 606611

2. EU for Economic Growth (EU4EG) Project - аплицирање до 16 Мај 2022 г.
Повик на линк >>>
https://www.eeas.europa.eu/delegations/republic-north-macedonia/eu-econo...

Комората на мал бизнис како национална BSO (Business Support Organisation) во проектот EU4EG овозможува поддршка на претпријатијата за изработка на зелени и проекти за дигитализација. Повикот се однесува на мали и средни претпријатија од регионите (Северо-Источен, Полог и Југо-Западен вклучувајчи го регионот Преспа- Општина Ресен) кои би можеле да имаат корист од финансиската поддршка за инвестиции кои ја поттикнуваат локалната економија, но исто така би можеле да ги подобрат своите менаџерски, технички и деловни капацитети, да ги подобрат своите деловни перформанси во однос на прометот, извозниот потенцијал и профитот и притоа да отворат нови работни места (особено за луѓето помлади од 40 години; жени и ранливи/маргинализирани групи) и воведување нови производи и услуги, како и придонес кон зелената и циркуларна економија и преземање мерки кон моделот на нула загадување и нула отпад за да се спречи негативното влијание врз животната средина и климатски промени. Финансиската поддршка изнесува 20-50% за проекти со инвестициска вредност до 600.000 ЕУР.

За пријавување на претпријатијата на повикот е потребно да се достави инвестициска програма и бизнис план изработена од BSO (Business Support Organisation) пријавена во EU4EG проектот.
http://sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D...

3. Повик за Eco-En Cert верификатори
http://sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%B7%D0...

Во рамки на проектот Consumers4Sustainability ќе се воспостави сертификациона шема Eco-En Cert за енергетска ефикасност и животна средина со проценка од трета страна на деловните практики на организациите кои се однесуваат на заштеда на енергија, екологија и одржливост. Комората на мал бизнис ќе воспостави 25 Eco-En Cert сертификации ко-финансирани со проектот ConsumersFORsustainability.

Повеќе информации за Eco-En Cert сертификационата шема на линкот >>>
http://sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

За поддршка може да се пријават претпријатија од сите сектори, мали и средни претпријатија кои се Standard или Premium членки на Комората на Мал Бизнис.

Погледнете го краткото видео за Европската Грантова шема:
https://www.youtube.com/watch?v=UfXs0BwwSc4

Пријавување за нови членки на Комората на линк >>>
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/pristapnica_1.doc

4. Финансирање социјални услуги со ESCO Sun

ESCO-SUN социјално претпријатие е модел за финансирање социјални услуги за домаќинствата и заедниците преку енергетските заштеди во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Ги повикуваме заинтересираните поединци / домаќинства заинтересирани за финансирање на животно осигурување преку енергетски заштеди на индивидуални објекти - куќи да испратат формално барање заклучно со 31 Мај 2022 год на info@sbch.org.mk

Во барањето испратете ги следните податоци: име и презиме на барателот, адреса на индивидуален објект.

ESCO-SUN Social enterprise
https://youtu.be/BWbcTsoT2dg

Компаниите заинтересирани за поддршка на ESCO-SUN можат да се пријават на континуираниот повик даден на линкот >>> http://sbch.org.mk/povici/esco-sun-2020

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk