Зелени вештини во компаниите за одржливи енергетски инвестиции

"Green Energy Day 2024"
Green Skills for company sustainable development
https://www.sbch.org.mk/content/green-energy-day-2024

Настанот кој ќе се одржи на 18 Октомври 2024 г. во Скопје е дел од мрежата на промотивни настани #ErasmusDays посветени на прикажување на достигнувањата и придобивките од програмата Еразмус+ која е иницијатива на ЕУ за едукација, тренинг, млади и спорт.

Една од значајните обврски на компаниите и организациите засегнати со новиот European Sustainability Reporting Standard (ESRS) во подготовката на годишните ESG извештаи за одржливост е степенот на зелени вештини на вработените и придонесот на компанијата за зелени општетвено одговорни практики во заедницата - проекти за развој на работните вештини на младите и спортот кои ги поддржуваат Еразмус+ проектите.

ЗЕЛЕНИ ОБУКИ ЗА МЛАДИНЦИ

Комората на настанот ќе промовира можност во почетокот на 2025 година претставници на младинци (18-29 години) од компаниите/заедниците да проследат обуки за унапредување на зелените вештини во градежен сектор во 5 еднонеделни обуки кои ќе се реализираат во Шпанија, Ирска, Бугарија, Шведска и Латвија кај партнерите на Комората во проектот Green MiCred Pathways.

ЗЕЛЕНИ ОБУКИ ЗА МЕНАЏМЕНТ

На настанот ќе се промовираат и 70 on-line обуки за поддршка на развојот на одржливи бизнис системи во компаниите кои Комората на членките на преку Erasmus + проектот Catalyst ќе ги понуди за зголемување на капацитетите на одговорните за воспоставување и управува со одржливи стандарди, проектите за намалување на јаглеродниот отпечаток, инвестиции во зелени, циркуларни и проекти со обновливи извори на енергија, верификација на ESG општедтвено одговорните практики, креаторите на годижни извештаи за одржливост.

ЗЕЛЕНИ ОДРЖЛИВИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНВЕСТИЦИИ

На настанот ќе се презентират и примери на проекти за примена на енергетска ефикаснот и обновливи извори на енергија за подобрување на одржливоста во компаниите и модели за инвестирање во одржливи енергетски проекти во заедницата согласно обврските за ESG извештаите за одржливост.

ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО

Повикани за учество на „Green Energy Day 2024„ се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, локалната самоуправа и останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на зелени комерцијални и проекти за одржлив развој.

Пријавување со испраќање на пополнета „Prijava - Green Energy Dаy 2024„ https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Green%20Energy... на e-mail: info@sbch.org.mk

Учеството е ослободено од котизација.

Бројот на учесници е со физичко присуство и ограничен
Компаниите членки и спонзори ќе ја презентираат корпоративната понуда на зелени организациски програми за кариерен развој и вработување на човечки ресурси согласно ESG/ESRS извештаите за одржливост.

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk