Енергетски Менаџери во компаниите од 2023 г.

Согласно Законот за Енергетска Ефикасност предвидено е енергетски контролори да реализираат задолжителни енергетски аудити во големите компании согласно Правилникот за енергетски контролори кој ќе стапи во сила од 31 Март 2023 год. Енергетските Менаџери обучени по „Програмата за Европски енергетски менаџер на EUREM“ согласно член 13 на законот даден на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Zakon%20za%20izmenuvanje%20na... ќе можат да ја добијат државната лиценца за енергетски аудити, односно компаниите кои имаат вработен EUREM енергетски менаџер ќе можат да ја остварат законската обврска за енергетски аудит во текот на 2023 год,

EUREM енергетските менаџери (75 сертифицирани од Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken во рамки на EUREM Alumni MK) со договор за outsourcing и согласно Законот за енергетска ефикасност можат да бидат ангажирани за енергетски аудит во големите компании преку
програмата „Твојата Продуктивна Енергија„ на Комората.

Со програмата „Твојата Продуктивна Енергија„ Комората ги поддржуваа компаниите преку менторство за управување со енергијата, набавка и одржување на енергетски капацитети со континуиран договор или договор за поддршка на проекти за:
- енергетска ефикасност
- обновливи извори на енергија
- индустриски менаџмент
- човечки ресурси и лидерство

Ги покануваме компаниите да пријават свои претставници на планираните обуки согласно законските барања:

- тренинг за енергетски менаџери - конкурс за ЕУРЕМ обука 2023 на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%B...

- обука за интерни верификатори за Eco-En Cert - повик 4/22 на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%B...

ЗАБЕЛЕШКА:
Бесплатна обука за интерни верификатори, Eco-En Cert верификација и сертификација во компаниите кои обучуваат или веќе имаат сертифициран енергетски менаџер - ЕУРЕМ

Закон за изменување на Закон за Енергетска Ефикасност >>>
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Zakon%20za%20izmenuvanje%20na...

--------------------------------------------------------------

На 17 Декември 2022 г. во рамки на годишниот настан GREEN ENERGY DAY 2022 пред членките на Комората се презентираат проекти и промовираа ЕУРЕМ енергетски менаџери и Eco-En Cert верификатори.

GREEN ENERGY DAY 2022
17 Декември 2022
http://www.sbch.org.mk/content/green-energy-day-2022

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk