Грантови за технолошки развој | Case Study и технологии

На семинарот на 6 Март 2021 год. ќе се презентираат технологии и Case Study проекти кои овозможуваат подобрување на продуктивноста и ефикасноста на производствените и деловните процеси и значат воведување на нови по-еколошки стандарди во производството и работата.

ПОВИК НА ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ

Со повикот се поддржуваат и следните видови активности:

- Набавка и воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за трансформација на производствените и деловните процеси;

- Развој и воведување на нови поеколошки процеси и стандарди за производство и работа;

- Подобрување на продуктивностa и ефикасностa на производствените и/или деловните процеси;

- Намалување на трошоци на производство и оперативно работење;

- Подобрување на ефикасностa при употреба на ресурси;

- Активности за намалување на негативното влијание врз животната средина;

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар Oптимизација и реконструкција на компресорски и климатизациони постројки, кој ќе се организира на 6 Март 2021 година.

АГЕНДА

- Студии на случај:

* Модификација на системот за греење и ладење во централната зграда на Халк Банка АД, Скопје
* Искористување на отпадна топотна енергија за загревање на други простории во фабриката на Костал Македонија, Охрид

- Систем за компримиран воздух и оптимизација (пресметка на реконструкција на постројка и ефикасност на трошоците)

ПРИЈАВУВАЊЕ

Ве повикуваме со допис на е-маил: info@sbch.org.mk да ни доставите информации за вашите проектни концепти за технолошки развој. Контакт тел. 070 223 686, (02) 244 8077.

Пријава за учество на семинарот на 6 Март е дадена на линкот >>> http://sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20%D0%9Eptimizacija%20i%2...

ПОВИК за изработка на апликации за финансирање дигитализација,реконструирање и реструктуирање 2021 г. на линк >>>

http://sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D...