Green Energy Day 2023

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

DECARBONIZATION 2.0

Инвестициски решенија на компаниите кои се однесуваат на енергетската транзиција првенствено се фокусираа на она што се нарекува „стандардна декарбонизација“: за намалување на емисиите на јаглерод и/или отфрлање од фосилни горива преку инвестирање во обновливи извори за енергија најчесто фотоволтаици за производство на електрична енергија.

Ограничените можности за дистрибуција или складирање на вишоците енергија од обновливи извори доведуваат до забавување на потребното темпо за намалување на портофилото на CO2 емисии кое ги доведува до опасност компаниите да не успеат да ги постигнат таргетите за нула CO2 емисии до 2030 и со тоа да бидат изложени на виоки стапки на CO2 оданочување и неконкурентност на ЕУ пазарите веќе од 2026 година поради CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism) и други неданочни механизми за административно ограниување на извоз во ЕУ економскиот простор.

Инвеститорите/банките/фондациите сè повеќе бараат во компаниите, малите и средни претпријатија да се вклучат еколошките, социјалните и управувачки (ESG) критериуми во нивниот процес на донесување одлуки кои ќе доведат до позитивни зелени организациски практики во компанијата и развивање програми за соработка со заедницата каде во заедничи проекти со зелени задруги може ефикасно да се проширува портфолиото на намалени CO2 емисии со огромен придонес за на воспоставување партнерски/позитивни релации со локалната заедница и взаемен бенефит.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

"Green Energy Day 2023" е годишен настан организиран од Комората за мали бизниси за промовирање на дизајнери на проектни концепти, инвеститори и засегнати институции и влада кои имаат заедничка цел да придонесат за одржлив развој, зелена економија, зелената сертификација - оценување на зелени општествено одговорни проекти и деловни практики неопходни за воспоставување зелени јавни набавки во општините и регионалните економски развојни проекти како и развој на циркуларната индустрија во Македонија.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Eco-En CODE
https://eco-encode.com/

A platform for promoting, establishing and certifying green socially responsible projects and sustainable business practices of companies and organizations

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

НАТПРЕВАР НА ИДЕИ
https://youtu.be/RNSH6kGrSDE

Мислењето на јаноста и зелените идеи за соработка помеѓу заедницата и компаниите се катализатори за креирање на ESG програми и буџети во компаниите за поддршка и имплементирање на проекти кои ќе поттикнат и овозможат личен придонес на граѓаните за заштита на животната средина и намалување на влијанието врз климатските промени.

Виралната дебата „НАТПРЕВАР НА ИДЕИ„ е отворена за секој заинтересиран поединец, граѓанска иницијатива или формална граѓанска организација кои може да учествуваат со презентирање на своите предлог идеи преку видео запис или поставување прашање преку е-маил или социјалните медиуми за учесниците на GREEN ENERGY DAY 2023.

ВИДЕО ЗАПИС

Повикуваме сите кои се во можност да подготват видео запис со свои ставови и одговори на следните три прашања:

- Кои лични вештини и организациски капацитетит се потребни за да може компаниите/институциите/организациите да решаваат еколошки проблеми во вашата заедница ?
- Како според вас би изгледало едно одржливо претпријатие/организација ?
- Со кого би склучиле Green Deal за да спречите зголемување на глобалната температура ?

Видео запис , во времетраење од max. 3 min. подгответе го во формат дефиниран со Squiz Sun платформата https://squiz-sun-first-person-ideas-project.webflow.io/ - инструкции за подготовка на видеото на линкот https://youtu.be/BJQopW4HV6o Видео записот преку апликациите за трансфер на големи податочни фајлови испратете ни го на e-mail info@sbch.org.mk

Сите кои ќе испратат видео запис со свои ставови и одговори на дадените прашања се воедно активни учесници на Green Energy Day 2023 дебатата на 21 Декември 2023 г.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО

Повикани за учество на „Green Energy Day 2023„ се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, локалната самоуправа и останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на зелени комерцијални и проекти за одржлив развој.

Котизацијата за учество е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис -Standard членство која изнесува 6.180,00 ден.

Пријавување со формален допис за учество на еден претставник од членки на Комората на e-mail: info@sbch.org.mk , a за нови членки на Комората со пополнување пристапница на линк >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/pristapnica_1.doc

КОТИЗАЦИЈА: 6.180,00ден.

  1. Четврток, Декември 21, 2023

    КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
    Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

    -------------------------------------

    Стопанска комора на мал бизнис

    бул.Јане Сандански 113
    1000 Скопје

    тел. (02) 244 8077, 070 223 686
    info@sbch.org.mk
    www.sbch.org.mk

12/21/2023
Add to Calendar