Управување со енергијата

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

ефикасно производство и потрошувачка

22 Јануари 2022
PROMO VIDEO
https://youtu.be/yF0U7AiZuV8

Енергетскиот инженеринг и менаџмент опфаќа проекти за енергетска ефикасност, енергетски услуги, управување со објекти, индустриски инженеринг, животната средина и усогласеност со алтернативни енергетски технологии.

За оценување на мерките во однос на нивната техничка ефикасност, еколошките ефекти и, во исто време, економичното користење на енергијата, треба да се изврши економска анализа со цел да се утврдат комерцијално економските предности.

Имплементација на различни мерки за управување на енергијата дава различни резултати за заштеда:

Проверка - просечна заштеда 5%
Мониторинг/контролирање - просечна заштеда 8%
Увид и анализа - просечна заштеда 20%
Оптимизација - просечна заштеда 25%

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар „Управување со енергијата„ , кој ќе се организира на 22 Јануари 2022 г.

УЧЕСНИЦИ

На настанот може да се пријават сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти на заинтересираните претпријатија кои нудат енергетски услуги и опрема за енергетска ефикасност од една страна, и коминтентите од деловниот и јавниот сектор и финансиските институции.

Се повикуваат за учество и останати институции, организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на проекти за одржлив развој, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и/или подготовка и реализација на институционална рамка за политиките на одржлив развој и енергетска ефикасност.

------------------------------------------------------------------

Обука EUREM (Europeam Energy Manager)

Инженерите во енергетиката (енергетски менаџери) ги применуваат своите вештини за зголемување на ефикасноста и понатамошно развивање на обновливи извори на енергија. Главната работа на енергетските инженери е да ги најдат најефикасните и одржливи начини за управување со објекти и производни процеси. Енергетските инженери (менаџери) ја ревидираат употребата на енергија во тие процеси и предлагаат начини за подобрување на системите. Ова значи сугерирање на напредно осветлување, подобра изолација, поефикасно греење и ладење на објектите.

ЕУРЕМ МК промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs

ЕУРЕМ 2022 обука
http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%B...

-----------------------------------------------------------------

Пријавување учество на семинарот се врши со пополнување на пријавата дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20za%20Upravuvanje%20so%20energijata_0.doc или на банерот најдоле >> СНИМИ ПРИЛОГ која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 223 686, (02) 244 8077. Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис со уплатена годишна чланарина. Настанот ќе се реализира on-line преку Skype платформата. Со една котизација може да се приклучат најмногу 2 учесници од една организација.

КОТИЗАЦИЈА: 6.180,00ден.

  1. Сабота, Јануари 22, 2022

    Теми кои ќе се обработат на семинарот:

    - Технологијана мерење и регулација

    • Основни функции на регулирањето
    • Компоненти
    - Теренски инструменти
    - Видови на системи за контрола
    - DDC и PLC станици, Контролни станици

    • Вмрежување на системите за контрола
    - Контролни јамки
    - Контролни параметри
    - Дијаграм за регулирање
    - Контролни струјни кола

    Load Management (Управување со оптоварувањето)

    • Основен концепт
    • Максимално оптоварување
    • Воспоставување на потенцијал за исклучување
    • Прилагодливи корисници на енергија
    • Максимално оптоварување што може да се избегне
    • Конфигурација на системот
    • Трошоци и пресметка на ефикасноста на трошоците