Практично Сметководство

комплетна дуална обука согласно IFRS

Програмата на курсот опфаќа комплетна практична обука за финансиско и материјално сметководство согласно International Financial Reporting Standards (IFRS) - Меѓународен Стандард за Финансиско Известување (МСФИ).

Се работи на компјутери со инсталиран професионален софтвер за сметководство и со реални документи - односно во текот на обуката се води реално сметководство на претпријатие. Обуката се реализира со професионален софтвер за материјално, книговодствено и комерцијално работење. Обуката се реализира дуално, 30-40% теоретска настава, 60-70% практична настава. Надзорот и сертифицирањето според Германските стандарди на дуално образование.

Со успешна реализација на обуката учесниците ќе можат самостојно да водат сметководство на мали и средни претпријатија. Учесниците на обуката можат да бидат почетници со или без предходно формално економско образование, исто така можат да бидат и веќе искусни вработени во оддел за финансии кои имаат потреба за комплетни познавања на сметководствените процедури, тековни законски прописи за самостојно водење на финансиско и материјално сметководство.

На обуката ќе се обработат следните теми:

- компјутерско и класично сметководство

- редослед на сметководственото работење и начините на книжење

- фактурата - основен сметководствен документ, и нивната формална и материјална исправност

- инвентар и биланс во фирми

- материјално сметководство (малопродажба и големопродажба)

- сметки - конта

- набавка-дефинирање на влезни фактури, контирање и книжење

- увоз, девизен извод и утврдување на курсните разлики

- продажба - дефинирање на излезни фактури, контирање и книжење

- амортизација и вредносно усогласување на постојаните средства

- извоз, девизен извод и утврдување на курсните разлики

- изводи

- благајна, патни и материјални трошоци

- евиденција - актива и пасива на биланс на состојба

- подготовка на плати

- ДДВ - законска рамка,составување и пополнување на ДДВ образецот

- периодична и годишна пресметка

- данок на добивка и Данок на вкупен приход

- БУ, БС и ДБ, запознавање, составување на завршната сметка и пополнување на пропишаните обрасци

------------------------------------------------------------------

Програмата ќе се реализира во вкупно 20 предавања секој вторник и четврток од 18.00 - 20.00 часот, on-line преку Skype палтформата.

------------------------------------------------------------------

Пријавување учество на обуката на линкот http://sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20%20Obuka%20Prakticno%20Smetkovodstvo_0.doc или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077, 070 223 686. Можност за плаќање на 4 месечни рати. Цена 15.600,00 ден, потврда со уплата на 1 рата 3.900,00 ден.

КОТИЗАЦИЈА: 15.600,00ден.

  1. Вторник, Март 7, 2023

    on-line група од 7 Март 2023

    Потврда со уплата на 1 рата 3.900,00 ден.

    Цена: 15.600,00 ден на 4 месечни рати, 1 рата 3.900,00 ден.