Зелени Обновливи Системи - ЕСКО СОНЦЕ

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

24 Јуни и 8 Јули 2023 г.
дво-дневна обука
ESCO-SUN - https://youtu.be/BWbcTsoT2dg

Целта на обуката е зголемување на капацитетите на претпријатијата кои се занимаваат со производство, продажба, одржување и монтажа на соларни, термални,гео-термални и фотоволтаични системи за подготовката на релевантни технички проекти придружени со соодветна методологија за економска анализа на финансирањето кое е услов за пристап до државни субвенции и соодветните фондови за поддршка на употреба на обновлива енергија. Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојната обука Зелени Обновливи Системи - ЕСКО СОНЦЕ , која ќе се реализира во два дена: 24 Јуни и 8 Јули 2023 г. од 10.00-14.00 часот

Проектите за користењето на соларната енергија за производство на електрична енергија или мерки за заштеда и енергетска ефикасност на системите за греење на вода во деловниот и резиденцијалниот сектор се еден од приоритетите за поддршка од финасиските институции во земјите на Западен Балкан и државните програми за субвенционирање производство на енергија од обновливи извори. Со Законот за Енергетика и подзаконските акти за обновливи извори предвидено е субвенционирање на проектите за искористување на соларната енергија за производство на електрична енергија.

ПРАКТИЧНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИТЕ

- Формирање на енергетски задруги во Македонија
2 Јуни 2023, Тетово, 6 Јуни 2023, Струмица, 15-16 Јуни 2023, Кочани, 21-22 Јуни 2023, Прилеп, јули 2023, Скопје

Пријавените учесници на обуката Зелени Обновливи Системи ќе можат да учествуваат на еден од промотивните настани за Формирање на енергетски задруги во текот на Јуни и јули 2023 год.

ПОДДРШКА ЗА ПРОЕКТИТЕ

Sustainable Energy and Infrastructure Consortium (SEI Consortium) и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ при „Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија„ подготвуваат и изведуваат проекти за ESCо-SUN - модел за финансирање на проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор, локалната самоуправа и деловниот сектор.

Каталог на SEI Consortium http://www.sbch.org.mk/platformi/sei-consortium
ESCo-SUN - повик за соработници https://www.sbch.org.mk/povici/esco-sun-2020
Програма Twin Green & Digital http://www.sbch.org.mk/programi/twin-green-digital
ESCO-SUN Social enterprise - PROMO video
https://youtu.be/BWbcTsoT2dg

------------------------------------------------------------------------------------------

Котизација за учество 6.180,00 ден.
(воедно и годишна чланарина за нови членки - Standard членство)

------------------------------------------------------------------------------------------

Време и место на одржување:
Работилницата ќе се одржи на 24 Јуни и 8 Јули 2023 година од 10.00 часот во Скопје.

------------------------------------------------------------------------------------------

Пријавување учество на семинарот се врши со пополнување на пријавата дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20Zeleni%20Obnovlivi%20Sistemi.docx или на банерот најдоле >> СНИМИ ПРИЛОГ која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 223 686, (02) 244 8077.

КОТИЗАЦИЈА: 6.180,00ден.

  1. Сабота, Јуни 24, 2023

    Теми кои ќе се обработат на семинарот

    1. Соларни гео-термални системи

    Енергија од сончевото зрачење , Глобална радијација, Tрансформација на сончевото зрачење
    Соларни и гео-термални системи за создавање на топла вода
    Димензионирање на соларни термални системи за топла вода за згради-хотели (побарувачки за топла вода, соларна фракција и специфична предност на колекторот, инструкции за димензионирање)
    Интегрирање во климатизацијата
    Соларни фасади на згради
    Можности за соларно ладење

    2. Создавање енергија во фотоволтажни системи

    Соларна ќелија – Енергија од сонцето , Од ќелија до модул, Од модул до фотонапонски систем
    Понатамошни компоненти на PV системот: Инвертор, Регулатор за соларно полнење
    Батерии за PV системи кои не се поврзани со електрична мрежа
    Дизајнирање и димензионирање на PV системи за сопствени потреби , Инвестициски трошоци и добивка
    Проектирање и димензионирање на PV централи (Мрежно-поврзани големи системи)