ПОДДРШКА И ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ

промотивна сесија на типски проекти и финансиски програми

Согласно потребите на Македонија за локален и регионален развој и приоритетите на меѓународните финансиски опрганизации и програмите на ЕУ за поддршка на земјите на Западен Балкан вклучувајќи го т.н. Берлински Процес во групациите на Комората на Мал Бизнис на Македонија се изработени типски проекти по финансиски програми и индустрии кои се погодни за аплицирање на наведените достапни финансиски програми.

Ве повикуваме за учество на работилница и менаџмент сесија на 9 Јуни 2017 год. во организација на групацијата „Центар за финансирање и менторска поддршка„ на Комората на Мал Бизнис каде ќе се презентираат конкретни програми и типски проекти за донаторско и комерцијално финансирање во деловниот сектор, јавните установи и институциите на локалната самоуправа.

Комората на Мал Бизнис ќе презентира дел од проектите пред потенцијални партнери и инвеститори за време на предстојните промотивни активности:

- Деловна делегација - Црна Гора 15-17 Јуни 2017 год. - Минстерство за Економија на Црна Гора, Унија на работодавачи на Црна Гора, Конференција KODIP
- Деловна делегација - Индустриска Стопанска Комора на Нинберг 26-28 Јуни 2017 год.
- Бизнис Форум на Берлински Процес за време на Годишниот Самит во Трст, Италија 12 јули 2017

Согласно потребите на Македонија за локален и регионален развој и приоритетите на меѓународните финансиски опрганизации и програмите на ЕУ за поддршка на земјите на Западен Балкан вклучувајќи го т.н. Берлински Процес во групациите на Комората се изработени типски проекти по финансиски програми и индустрии кои се погодни за аплицирање на наведените достапни финансиски програми:
- Енергетска ефикасност и одржлив развој - нови индустриски капацитети за производи и услуги кои поддржуваат одржлив развој и заштеда на енергија, реконструкција на објекти и имплементирање енерегетски ефикасна технологија за греење и/или климатизација за:
* Деловни административни и услужни објекти - магацини за прехранбени производи, административни објекти, трговски центри, хотелски комплекси
* Административни објекти на локална самоуправа и државни институции, вклучувајчи училишта, градинки, спортски сали, здравтвени објекти и сл.

- Прехранбена индсутрија - индустриски објекти за преработка на земјоделски производи и прехранбени производи и производство во стакленици / оранжерии и сл.
- Обновливи извори на енергија - градежни и електро-машинско монтажни работи на мали и средни хидроцентрали, пречистителни станици, соларни централи
- Гасификација на реонски топлификациски системи - инсталирање на опрема за преточување на природен гас и инсталација за употреба на гас за индустриска, и домашна употреба и затоплување.

Акционен План на Германскиот Технички Клуб (линк >>>) е фокусиран на приоритетни извозни производни и услужни индустрии/дејности:
* металопреработувачка индустрија
* прехранбена индустрија
* информатика
* проектирање и инжинеринг - градежни проекти, индустриски процеси, автоматизација, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

----------------------------------------------------------------------------------------------

Пријавување учество На работилницата можете да учествувате активно со презентација на предлог проект или пасивно како публика. Котизацијата за пасивно учество е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис - Basic членство која изнесува 1.535,00 ден. Котизација за активно учество е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис -Standard членство која изнесува 6.180,00 ден. Забелешка: Организаторот ќе овозможи презентација само на предлог проекти за кои е подготвена проектна техничка документација. Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници, и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, локалната самоуправа и останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на комерцијални и проекти за одржлив развој. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство на настанот со пополнување на пријавата дадена во прилог, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk Информации на 070 271 901. За пријавување учество во предстојните деловните делегации на Комората во Црна Гора, Италија и Германија контактирајте го Едвард Софески edwards@sbch.org.mk (02) 244 8077

КОТИЗАЦИЈА: 1.950,00ден.

  1. Петок, Јуни 9, 2017

    Центарот за финансирање и менторска поддршка при Комора на мал бизнис на Македонија континуирано систематски ги следи достапните финансиски програми на: Македонска Банка за Поддршка на Развојот (МБПР), Европската Банка за Обнова и Развој (EBRD), IPA фондови (local, regional, cross-border), IPARD програмата за поддршка на руралниот развој во Македонија, Interreg V,(transnational Balkan-Mediterranean Programme, interregional), Horizon 2020 инструментите за Мали Средни претпријатија број 9 и 11, Отворен фонд за југоисточна Европа за енергетска ефикасност на ГИЗ Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, фондови поврзани со т.н. Берлински Процес за WB6 земјите на Западен Балкан, Инвестициски Фонд Meta Group, Energieinstitut der Wirtschaft GmbH, CMSR Center for international cooperation and development, Фондот за иновации и технолошки развој, Комерцијалните банки итн.