Комората на Мал Бизнис во соработка со тренинг центарот на Катлановска Бања организира дуална обука за Медицинска и спортска мануелна масажа. Обуката се реализира во повеќе модули, а модулот „Вештачење на нематеријална штета кај оштетување на здравјето„ ќе се реализира на 14 Декември 2019 год.
Инструктор: Проф. Д-р Арсе Петрески
КОЈ МОЖЕ да пријави учество на семинарот „Вештачење на нематеријална штета кај оштетување на здравјето„ ?
Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти. Можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и приватни лица.
Се повикуваат организации кои се занимаваат со давање услуги за медицинска и спортска масажа за учество на настанот и запознавање со учесниците на комплетната обука со можност да им се понуди вработување или ангажман под поволни услови.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
КОМПЛЕТНА ОБУКА за Медицинска и спортка мануелна масажа
Катлановска Бања, Скопје
Програмата на обуката опфаќа комплетна практична обука за медицинска масажа согласно начелата на Меѓународната стандардна класификација на занимањата ISCO-08 и Националната класификација на занимањата, подгрупа 3255.02 Масер - медицински.
Медицинските масери според класификацијата лекуваат мускулни и коскени заболувања или делови на циркулаторниот или на нервниот систем со рачни методи и со ултразвучни, загреани, ласерски или слични техники. Задачите вклучуваат:
• спроведување постапки на физикална терапија (хидротерапија, криотерапија, парафинотерапија, масажи, електротерапија);
• спроведување на кинезитераписки постапки во професионалната рехабилитација;
• рачно масирање и акупресурна масажа во рехабилитацискиот процес;
• вршење на сродни задачи;
Медицинските масери работат под раководство на лекари.
Теоретскиот дел од обуката се реализира во простории на Комората на Мал Бизнис, а практичниот дел во Катлановска Бања.
Програмата се реализира во соработка со Агенцијата за Вработување на РСМ која помага во избор на соодветен кадар и програма за поддршка со активни мерки за вработување во претпријатијата. Надзорот и сертифицирањето според Германските стандарди на дуално образование.
https://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BE%D0%B1%D1%83%D0%BA%D0%B0-%D0%B8-%D0...
------------------------------------------------------------------------------------------------
Пријавување учество со пополнување на пријавата на линкот >>> https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20za%20Vestacenje%20nematerijalna%20steta%20kaj%20ostetuvanje%20na%20zdravje.doc или пријавата дадена банерот „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077, 070 223 686.