- Лидерот и тимот (формирање на тимот, моралот на тимот, тимско решавање на проблемите, тимска мотивација и природата на тимот, делегирање на обврски и одговорности)
- Ефикасност и ефективност во работењето (улогата на лидерот/менаџерот во подобрување на работните перформанси во организацијата, продуктивност, самоефективност)
- Лидерите и промените
- Поим за менаџмент (ф-ции, нивоа, улоги, споредба лидер /менаџер,)
- Мотивацијата и задоволството од работата
- Улогата на менаџерот во мотивирањето на вработените
- Менаџерите/лидерите и емоционалната интелигенција
- Причини за појава на конфликти во комуникацијата и како тие да се разрешат
Лидерски Вештини
Групација за женско претприемништво
Менаџментот е наука за ефикасно реализирање на работата со управување на луѓето. При тоа се вклучуваат процеси на координирање, контрола и извршување на задачи и проекти, со цел извршување на мисијата на организацијата или компанијата.
Лидерството е вештина на инспирирање и мотивирање на луѓето да ја реализираат ефикасно нивната работа.
Сите менаџери не се лидери и сите лидери не се менаџери. Најдобрите менаџери се и големи лидери кои ефективно ја применуваат менаџмент-науката со способноста за лидерство. Ефективните лидери градат тим, му наметнуваат визија и мотивација. На членовите на тимот им помагаат во градење на нивните вештини и самодоверба.
Инструктор на семинарот
М-р Анета Мајсторова-Ивановска (Дипломиран психолог и Магистер по менаџмент на човечки ресурси) има долгогодишно искуство на обучувач од сферата на директната продажба како тренинг-асистент и тренинг-менаџер во двете светски познати компании Oriflame Cosmetics и Zepter International. Во КОСМО Иновативен Центар има подготвено и реализирано предавања, обуки, работилници, директорски семинари во Македонија и во странство на теми Лидерство, Раководење со тим, Конфликт менаџмент, Ефикасност и ефективност во работењето.
Цели на семинарот
Семинарот Лидерски вештини има цел менаџерите и раководителите да ги подготви за примена на лидерски вештини за водење на вашата организација на ново ниво на реализација, мотивација и продуктивност.
Со завршување на семинарот учесниците ќе научат:
- како да го препознаат лидерот во себе
- како нивните активности да имаат ефект врз моралот на другите луѓе
- како да ги поттикнат и мотивираат вработените
- како да воспостават продуктивно партнерство со вработените
- како да изградат свој автентичен лидерски стил
- како да го адаптираат својот лидерски стил кон различните вработени и ситуации
- како да изградат позитивен дух во тимот
- како да одговорат на позитивен или негативен фидбек
- како да поттикнат креативно размислување и иновации
- како да креираат визија и како да ги остварат своите цели, планови и активности
Програмата ќе се реализира со ТРИ предавања по 120 мин, три вторници во ист термин.
Семинарот ќе се одржи во три предавања на 9, 16 и 23 Мај 2017 година (вторник) од 18.30 - 20.30 часот, во Скопје.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------
КОТИЗАЦИЈА: 2.900,00ден.
- Вторник, Мај 9, 2017