Македонски ден за енергетска ефикасност 2017

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Macedonian Energy Efficiency Day 2017

Европската унија преку Програмата за регионална енергетска ефикасност и Фондот за зелен раст им додели нови 50 милиони евра за финансирање на енергетски проекти на земјите од Западен Балкан - согласно со зададените цели од т.н. Берлински процес. Финансирањето е потпишано и од Европската Банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Германскиот банкарски концерн KFW.

Целта на настанот е презентирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за расположивите финансиски инструменти за регионални проекти на Националниот Конзорциум за Енергетска Ефиксност и Одржлив Развој при Стопанската Комора на Мал Бизнис на Република Македонија. Учесниците на настанот се повикани за приклучување и соработка со Националниот Конзорциум за реализација на проектни активности.

Македонски ден за енергетска ефикасност 2017 (Macedonian Energy Efficiency Day 2016) како еднодневен настан ќе се реализира во Скопје на 3 Март 2017 г. во организација на Стопанската Комора на Мал Бизнис на РМ, поддржано од Индустриската Комора на Нинберг, Германија, http://www.energymanager.eu/ ; Институт Јозеф Стефан - Центар за Енергетска Ефикасност, Љубљана, Словенија; Енергетски Бизнис Институт, Виена, Австрија; Мета Групација, Италија; 8-ма Меѓународна Конференција на европски енергетски менаџери и Здружението „ЕУРЕМ МК„

Приоритетните цели на настанот се иницирани од Германскиот Технички Клуб / Deutsch Technische Club

--------------------------------------------------------

ГЕРМАНСКИ ТЕХНИЧКИ КЛУБ (ГТК), DEUTSCH TECHNISCHE CLUB (DTC) е платформа за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на Македонските и Германските компании и организации кои имаат деловна соработка во Македонија и регионот на Западен Балкан.

PREMIUM членките на Комората на Мал Бизнис кои имаат воспоставена деловна релација со компании и организации од Сојузна Република Германија се иницијатори и оснивачи на Германскиот Технички Клуб (ГТК). Се повикуваат и останатите членки на Комората на Мал Бизнис за вмрежување во Германскиот Технички Клуб (ГТК), планирање и реализација на Програмата на ГТК за 2017 год.

---------------------------------------------------------

Пријавување учество со проект Пријавување учество со проект на настанот „Македонски ден за енергетска ефикасност 2017 (Macedonian Energy Efficiency Day 2017)„ се врши со пополнување на пријавата дадена во прилог. Заинтересираните за активно учество на настанот со пријавата е потребно да поднесат информација за проекти/проектни идеи за кои се заинтересирани да користат финасиска поддршка. Пријавување на проектни идеи заклучно со 25 Февруари 2017 година. КОЈ МОЖЕ да пријави проектна идеја? Проектни идеи можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост каде постои реална можност за реализација на предложените проекти и нивно регионално мултиплицирање или вмрежување. Пријавување учество како публика Пријавување учество како публика на Македонскиот ден за енергетска ефиканост 2017 - 3 март 2017 година се врши со пополнување на пријавата дадена во прилог (за учество како публика не треба да се пополни полето „Проектна идеја“). Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена во прилог која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 271 901, (02) 244 8077. Учеството е бесплатно за Basic, Standard и Premium членови на Комората со уплатена чланарина за 2017 година

КОТИЗАЦИЈА: 1.950,00ден.

  1. Петок, Март 3, 2017

    Националниот конзорциум за енергетска ефикасност и одржлив развој, на иницијатива на EUREM MK и Собранието на Стопанската комора на мал бизнис на Македонија, се основа за поддршка на претстојните локални, регионални и проекти од интерес на членките.

    Заинтересираните соработката со Националниот Конзорциум може да ја остварат како Придружен член или како Под-изведувач на проектите.

    Придружните членови на Националниот Конзорциум е потребно да поседуваат сертификација и искуство за изработка и управување со проекти за енергетска ефикасност - членство во EUREM MK Здружението - сертифицирана обука за енергетски менаџер, енергетски проект менаџер - препорачана програма на www.eurem.net или сродна.

    Под-изведувачи на проектите ќе бидат дел од базата на заинтересирани соработници. Активностите за тековните проекти на Националниот Конзорциум под-изведувачите ќе можат поблиску да ги следат како членови на Комората на Мал Бизнис

    Пријава за соработник на Националниот Конзорциум е дадена во прилог.