На Менаџмент Клуб сесијата на 6 декември 2016 г. ценетите гости ќе разменат искуства и воспоставена пракса за практикување промотивните активности со осврт на:
- методите на примена на односите со јавноста во рамките на промотивните активности на претпријатијата и организациите,
- примена на односите со јавноста за остварување на комерцијалните цели и
- користење на односите со јавноста како алатка за позитивна презентација на претпријатието и организацијата во јавноста, изградба на имиџ и бренд.
Односите со јавноста претставуваат важен сегмент на секоја промоција. Како посебен дел од промотивниот микс, тие имаат значајно влијание врз широката јавност, која ги опфаќа не само купувачите, туку и целото окружување, со сите интересни групи, конкуренцијата, медиумите, па и самата држава.
Ментор: Катерина Вељановска-Блажевска
(CV, тренери) http://www.sbch.org.mk/profile-avtor/111
Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во креирање на деловните и општествени маркетинг комуникациските политики и односите со јавноста.
Пријавување учество во Менаџмент Клуб КМБ сесијата на 6 декември 2016 г. се врши со кликнување на линкот „Пријави се„ и пополнување на потребните податоци за учесниците.
Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.
Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113 1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk