Вентилација и Климатизација

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Оптимизација и мерки за енергетска ефикасност кај HVAC системи

Системите за греење, вентилација и климатизација (HVAC) сочинуваат приближно 35% од вкупната енергија потрошена во станбени и деловни згради. Проектите за оптимизација, мерки за заштеда и енергетска ефикасност на HVAC системите во деловниот и станбениот сектор се еден од приоритетите за поддршка од финасиските институции во земјите на Западен Балкан. Подготовката на релевантни технички проекти придружени со соодветна методологија за економска анализа на финансирањето е услов за пристап до соодветните фондови.

Ладењето станува брзо растечка побарувачка во земјите во развој, што значи дека градежниот дизајн и мерките на обвивката на објектите треба да ги намалат оптоварувањата за ладење, а воедно во објектите треба да се подобри ефикасноста на системот за климатизација. Современите HVAC (heating, ventilation, and air conditioning) системи обезбедуваат греење, ладење, вентилација и климатизација на станбени и деловни згради.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „EUREM MK Alumni“ со поддршка на GREEN SKILLS HUB, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар "Вентилација и климатизација - Оптимизација и мерки за енергетска ефикасност кај HVAC системи" , кој ќе се реализира на 2 март 2024 година.

Семинарот е еден модул од тренинг програмата за Европски Еенргетски Менаџер (EUREM - Europen Energy Manager) EUREM сертифицирани енергетски менаџери се услов и за учество на претпријатијата во меѓународни проекти со компоненти на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија , а се финансирани од фондовите на ЕУ.

КОНКУРС И ПРИЈАВУВАЊЕ за EUREM тренинг генерација 2024 на линк >>> https://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%...

------------------------------------------------------------------------------------

Здружение на енергетски менаџери „EUREM MK Alumni“

Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk

--------------------------------------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20HVAC%20klimatizacija%20i%20ventilacija.doc или банерот „СНИМИ ПРИЛОГ„, која ќе ја доставите на на e-mail info@sbch.org.mk Предавањето се реализира со физичко присуство.

КОТИЗАЦИЈА: 6.150,00ден.

  1. Сабота, Март 2, 2024

    Теми кои ќе се обработат на семинарот

    - Оптимизација на компоненти на HVAC систем за климатизација:
    - Разменувач на топлина
    - Овлажнувач
    - Миксер
    - Вентилатори
    - Загуба на притисок
    - Оптимизација на проток
    - Оптимизација и мерки за заштеда - топлинска изолација
    - засенчување
    - барање поврзани со вентилација
    - потрошувачка на енергија како внатрешно оптоварување
    - Оптимизација на дистрибуција: топлинска изолација, кондензација, губење на притисокот, потрошувачка на енергија
    - Нови трендови – пасивни куќи, топлотни пумпи итн