МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ДЕН 2016

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Согласно проценките на EBRD за инвестицискиот потенцијал за енергетска ефикасност во резиденцијалниот сектор во земјите на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, планиран е грант-буџет од 11 милиони евра за техничка поддршка на засегнатите страни и подобрување на легислативата поделен во три компоненти:

- техничка поддршка за банки, добавувачи/монтажери на ЕЕ опрема
- пристапување до ЕЕ проектите за Заедници на станари и други организации за управување со станбени комплекси
- подобрување на ЕЕ легислативата

„Македонскиот Енергетски Ден 2016„ како настан од EUSEW 2016 (European Sustainable Energy Week 2016 www.eusew.eu ) ќе се реализира во Скопје на 24 Јуни 2016 г. во организација на Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК„ при Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија.

Публиката на настанот и пошироката јавност , ќе се информираат за проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните регионални фондови за енергетска ефикасност, кредитните линии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на комерцијалните банки, како и од програмите на Европската Комисија.

Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Пријавување учество се врши со пополнување на пријавата дадена во прилог кој ќе ја доставите на факс: (02) 244 8134 или на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901

КОТИЗАЦИЈА: 2.350,00ден.

  1. Петок, Јуни 24, 2016

    АГЕНДА

    Првиот пасивен и еколошки објект во Македонија
    - ЖИКОЛ, Струмица , дги Љупче Колев
    (Пасивни куќи - проектирање и изведба на ниско-енергетски и пасивни куќи - брза градба наспроти цврста градба)

    ААА проценка и сертификација
    - М-р Митре Арсовски, ISO 50001 , UNIDO,EUREM certification
    (аудит и сертификација на енергетски ефикасни објекти)

    Реконструкција на резиденцијален комплекс - училишен центар со интернат -
    - Инж. Томе Ивановски, енергетски менаџер EUREM certificate
    (имплементација на мерки за енергетска ефикасност при реконструкција на резиденцијални објекти)

    Sustainable Housing Prototype District
    - М-р Стефан Ивановски - Master of City Planning, concentration in community and economic development
    Master plan for innovation district in São Paulo (Brazil) (link to online book)
    (планирање на енергетски ефикасни комлекси и новоградба - еколошки мерки, одржливи градови)

    Систем за загревање базен со топлинска пумпа и фотоволтаични панели
    СИЕТО, Скопје Инж. Стеван Марковски

    Регионална соработка за изведба на градежни објекти - одделение за економски прашања при Амбасада на Црна Гора во Македонија
    Г-ѓа Татајан Перовиќ Митрова - одделение за економски прашања при
    Амбасада на Црна Гора во Македонија
    (регионални и медитерански проекти на градба)

    Учесници на настанот се повикани за приклучување и соработка со Националниот Конзорциум за Енергетска Ефикаснсот и Одржлив Развој за реализација на проектни активности.