ESCO енергетски услуги, буџетирање, договори и набавка на енергија

Семинар за Управување со набавка на енергија, ESCO енергетски услуги, буџетирање и договори ќе се организира во рамките на Германската EUREM програма www.energymanager.eu , http://mk.eurem.net/ во Скопје во сабота 25 Ноември 2017 г.

Договарање на енергетски заштеди е модел за заштеда на енергија со смалување на потрошувачка на енергија и услуги за одржување со примена на мерки за енергетска ефикасност и производство на енергија со делумни или без сопствени вложувања на клиентот во соработка со ESCO компаниите. Проектите се финансираат од остварени заштеди најчесто во различна временска рамка во зависност од видот на проектот и клиентот, а во остварените заштеди се содржани и трошоците за енергенси и одржување. Подрачјето на услуги може да се подели во јавен и приватен сектор односно на типови на објекти (школи, градинки, факултети, болници,културни центри, спортски комплекси, управни згради, хотели, пумпни станици и др.) јавно осветление, индустрија и процеси, комерцијални згради и центри, далечинско греење и мн. други области.

На настанот може да се пријават сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти на заинтересираните претпријатија кои нудат енергетски услуги и опрема за енергетска ефикасност од една страна и коминтентите од деловниот и јавниот сектор - договори согласно Законите за Јавни набавки, ПЈП, Буџетирање и Финансирање на локалната самоуправа и согласно Оперативна програма за заштеда на енергија во објекти на локалната самоуправа и јавната администрација 2018 (програмата е дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/povici/%E2%80%9E%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1...)

Организаторот „Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија„ и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на предстојниот семинар.

----------------------------------------------------------------------------------------

Настанот ќе се одржи на 25 Ноември 2017 година (сабота) од 10.00 - 13.00 часот, во Скопје. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена во прилог, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901 Котизацијата за учество е со 10% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис + 10% попуст за пријавени повеќе учесници. Учесниците треба да се пријават навремено поради ограничениот број на седишта - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901.

КОТИЗАЦИЈА: 3.850,00ден.

  1. Сабота, Ноември 25, 2017

    Теми кои ќе се обработат на семинарот се:

    1. Законски основи за енергетика во РМ

    - законски и подзаконски акти
    - Закон за енергетика
    - Регулаторна Комисија за Енергетика
    - Цена на енергијата - тарифен систем
    - Пазар на електрична енергија - Трговци со издадени лиценци за трговија со електрична енергија и претпријатија со лиценци за снабдување со електрична енергија
    - Пазар на природен гас
    - Пазар на нафата инафтени деривати
    - Пазар на топлинска и геотермална енергија

    Инструктор - М-р Митре Арсовски

    2. Директиви на ЕУ - либерализација на енергетски пазар

    - пазар на електрична енергија
    - тргување со емисии
    - договори за енергетски услуги

    Инструктор: Д-р Арсе Петрески

    3. ESCO концептот и усголасување со домашното законодавство

    - Закон за Јавни набавки
    - Закон за концесии и приватно јавно партнерство
    - Закон за финансирање на локалната самоуправа
    - Закон за Јавен долг

    Инструктор: Г-ѓа Снежана Петковска

    4. Финансиско техничка анализа на проекти за енергетска ефикасност со примена на ESCO моделите на финансирање

    Инструктор: Г-н Антонио Делов