Финансиски Извештаи во Excel

Finance & Controlling

Финансиските показатели од работењето на претпријатијата и организациите се содржат во финансиските извештаи

Обуката треба да помогне во разбирање на различните пристапи за развој на влезни податоци при проекција на финансиските извештаи, да помогне во разбирање на процесот на предвидување на приходите, трошоците, приливите, одливите, средствата и изворите на финансирање и да демонстрира креирање на модел за развој на проектираните извештаи.

При креирањето на моделот за прeдвидување ќе бидат дискутирани различните пристапи во проекцијата, анализата на трендот, сценарио анализата и анализата на сензитивноста. Притоа ќе се започне со билансот на успех по што ќе следат проекцијата на паричните текови и билансот на состојба.

Предавач и модератор на работилницата „Финансиски Извештаи во Excel„ е Г-н Владимир Матевски , менаџер Vision Consulting Ценетите гости ќе разменат искуства и воспоставена пракса за подготовка и анализа на финансиски извештаи во своите компании и организации.

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти. Можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и приватни лица. ProExcellent е сертифицирана тренинг програма за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Работилницата ќе се реализира од Мај 2020 г. во три дена (секоја среда) од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје.

Програмата ќе се реализира со три предавања по 120 мин, три недели во ист термин.

Целта на обуката е учесниците да ги совладаат методите на примена и толкување на финансиски извештаи за носење одлуки во тековното и идно работење на претпријатието и организацијата. Правилното толкување на финансиските извештаи ќе доведе до реални информации за трошоците и нивното влијание во секојдневното работење, што ќе придонесе за планирање и буџетирање на финансиските средства за наредниот период, обезбедување финансиски средства за тековно работење или дополнително инвестирање.

Пријавување учество на три-дневната работилницата со пополнување на пријавата од линкот https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Finansiski%20Izvestai%20vo%20Excel_0.doc или банерот „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: 070 223 686, (02) 2448-077. Котизацијата за учество е со 10% попуст за два и повеќе пријавени од иста организација.

КОТИЗАЦИЈА: 3.900,00ден.

  1. Среда, Април 22, 2020

    Почеток на настава:

    Мај 2020

    Цена: 3.900,00 ден

    Финансиски извештаи со Excel

    три предавања (секоја среда) од 17.30 - 19.30 часот

    Програма:
    - анализа на финансиски извештаи,
    - прогноза на годишни приходи,
    - прогноза на финасиски извештаи