Македонски енергетски ден 2017
Презентација на проекти и проектни идеи за чиста обновлива енергија и енергетска ефикасност
Организаторот ЕУРЕМ МК Здружение за енергетска ефикасност при Стопанската комора на мал бизнис на Македонија ве повикува да учествувате со
Презентација на проекти и проектни идеи за чиста обновлива енергија и енергетска ефикасност
Пријавување презентација
Пријавувањето на проектните идеи се врши со пополнување на пријавата во полето Проектна Идеја.
КОЈ МОЖЕ да пријави проектна идеја?
Проекти и проектни идеи можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост каде постои реална можност за реализација на предложените проекти.
За најдобрите проектни идеи ќе се изработат проектни концепти (проектни решенија) во рамките на обуките EUREM. Најдобрите проектни решенија и реализирани енергетски ефикасни објекти се поканети за учество на претстојната 8-ма Меѓународна конференција на европски енергетски менаџери во октомври 2017 година во Љубљана, Словенија.
Содржина на проектите
Проектите треба да се однесуваат за новоградби или реконструкции - интервенциии на постојни градби и употреба на извори на чиста обновлива енергија за сопствени енергетски потреби на објектите.
Содржински, презентациите треба да се предложат во една или повеќе од следните категории:
енергетски ефикасен аудит
енергетски ефикасна градба - нискоенергетски и пасивни објекти
енергетски ефикасно реновирање на објект
топлински барања - енергетски биланс на објект
енергетски ефикасна ладење,греење,вентилација
чиста обновлива енергија за сопствени потреби
Форматот на PPT презентацијата (10 слајда, максимум 15 минути) .
Пријавување учество како публика
Пријавување учество како публика на Македонскиот eнергетски ден 2017 - 30 јуни 2017 година се врши со пополнување на оваа пријава (за учество како публика не треба да се пополни полето Проектна идеја).
Публиката на настанот и пошироката јавност ќе се информираат за проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните регионални фондови за енергетска ефикасност, кредитните линии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на комерцијалните банки, како и од програмите на Европската Комисија.
--------------------------------------------------------------------------------
Македонскиот енергетски ден е дел од мрежата на настани EUSEW 2017 Energy Days - оваа година организирани под мотото Clean Energy for Europeans. EUSEW - European Sustainable Energy Week e иницијатива на Европската Комисија. Повеќе примери за реализираните енергетски концепти на оваа страница http://eusew.eu/energy-days/macedonian-energy-day-2017 и http://eusew.eu/.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
КОТИЗАЦИЈА: 2.350,00ден.
- Вторник, Јуни 20, 2017