Патоказ за развој на циркуларната економија

Претставници на Комората на мал бизнис кои учествуваа во работните групи на Министерство за Економија за изработка на Roadmap towards Circular Economy of Macedonia беа присутни на промоцијата на програмата на 26 Мaрт 2024 година во Хотел Мериот, Скопје.

На промоцијата беа присутни претставници од Организацијата за Економска Соработка и Развој (ОЕСD), Работната Група за Циркуларна Економија во Министерство за Економија, претставници од Европската Комисија и други институции. На панел дебатата ворамки на настанот регионални експерти од владиниот и невладин сектор ги споделија своите искуства во имплементирањето на мерки за олеснување на преодот кон циркуларна економија.

Документот стратешки ги интегрира постојните политички иницијативи, поттикнувајќи синергии меѓу секторите, мерките и вклучените актери. Тој нагласува пет клучни области - циркуларни деловни модели за мали и средни претпријатија, градежништво, биомаса и храна, текстилна индустрија и рударство и металургија

Ги повикуваме сите заинтересирани чинители да се координираат со Комората и со работните групи за циркуларна економија за реализација на следни чекори за имплементација на циркуларната економија во Македонија.

На следниот линк можете да ја превземете комплетната програма Roadmap towards Circular Economy of North Macedonia :
https://www.oecd-ilibrary.org/docserver/1973c88c-en.pdf?expires=17119609...

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entreprenurship Chamber - business sucess network

тел. +389 2 244 8077,
+ 389 70 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk