Фокус група за платформа со виртуелна средина за учење

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Проект Green Micro Crediterials

Фокус Група за Green MiCred Pathways Project
Зелени Вештини за Зелени Работни Места

Стопанската Комора на Мал Бизнис со партнерските организации Институт за Развој на Заедниците и Општина Илинден во рамки на активностите во Erasmus+ проектот Green Micro Crediterials почна со консултации со заинтересираните и засегнатите страни за развој и креирање на активностите во работните пакети на проектот.

За таа цел организираме состанок на фокус група на заинтересирани поединци, организации, институции, општини, компании на која би сакале да Ве поканиме за заедничка дискусија. Состанокот ќе се одржи во сала на Дом на култура, Општина Илинден, Скопје на 21 Ноември 2023 (вторник) од 12.00 часот.

Средбата ќе трае од 12.00-14.00 часот со вклучено кафе и освежување за учесниците. На состанокот би разговарале за темите за развој на зелените вештини преку платформа со виртуелна средина за курсеви за доживотно учење, обука на работно место и дуално образование, вклучително и дискусија за кариерен развој. Преглед на темите кои ги опфаќа проектот Green Micro Crediterials и за кои можете за дискутирате на претстојниот состанок се вклучени во Агендата дадена во прилог.

Сите заинтересирани кои се во можност да учествуваат ги повикуваме формално да се регистрираат на формуларот https://forms.gle/VH4S6fntD3G37e1r9 најдоцна до 20 Ноември 2023 до 14.00 часот.

За дополнителни информации слободно контактирајте на телефоните (02) 244 8077 или 070 223 686 или на следната емаил адреса: info@sbch.org.mk

АГЕНДА
Скопје, 21 Ноември 2023 год. 12.00 – 14.00 часот

Модератор: Игор Мицкоски, ESG консултант
Фасилитатор: Марјан Ненов, енергетски менаџер

1. Воведно излагање на модераторот – преглед на целите на проектот и импактот врз зелените вештини и зелените работни места

2. Дискусија со учесниците на Фокус Групата на темите:

- Клучните области, теми кои треба да се земат во предвид од работодавците, креатори на политики и ученици за поддршка на зелени вештини и зелени работни места во општеството кои би можеле да бидат корисни во работното место и да бидат релевантни за развој на соодветни курсеви/програми за образование и обука реализирани во виртуелна средина за учење:
* можности и достапност на дигиталното учење и иновативни вештини за едукација
* значење на мобилноста во областа на работата и образованието (достапност на човечките ресурси, компатибилност на вештини во различни средини и сертификација)
* активности кои ги опфаќа дигиталното учење (примена на нови зелени технологии, поддршка на развој на зелени иновации)

- Карактеристики на платформа која ги поврзува возрасните ученици, едукаторите и засегнатите страни за да го поддржи и унапреди развојот и употребата на образовната технологија која обезбедува еднаков пристап до дигиталните вештини, алатки и ингеренциите потребни за успех, ги проширува патеките за кариера и го подобрува квалитетот на животот на сите ученици.
* образование и обука за возрасни и курсеви/програми за зелени вештини формално и неформално организирани (училиште, центри за обука, на работни места)
* промовирање на соработка и повратни информации во дигиталното учење вклучително и дискусија за кариерен развој, соодветни пристапи за проценка на работни места.
* негување чувство за европска заедница со комуникација за заедничките цели и вредности на образованието, користење на дигиталната технологија и достапност на далечина преку платформата за поттикнувањето на меѓудржавната соработка и разбирање на различностите.

- Области и теми кои се однесуваат на зелените вештини кои би можеле да бидат корисни на работното место и да бидат релевантни за вмрежување во екосистемот на промотори на зелени вредности и за соработка со заедницата:
* подготовка за иднината – зелена и дигитална трансформација (дигитализација и зелени вештини, зелени ИТ вештини, свесност за климатски промени и цели на одржлив развој, зелена организациска култура, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за сопствени потреби)
* заштита на податоците и приватноста, заштита на безбедност, здравје и животна средина,
* корпоративна општествена одговорност и соработка со заедницата, ESG верификација и јавно споделување на environment, social, governance практиките на вработените

3. Заклучоци и следни проектни активности

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти. Пријавување учество во Менаџмент Клуб КМБ сесијата на 21 октомври 2016 г. се врши со пополнување на пријавата дадена во прилог кои ќе ги доставите на факс: (02) 244 8134 или на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901 Котизацијата за учество е со 20% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис.

КОТИЗАЦИЈА: 0,00ден.

  1. Вторник, Ноември 21, 2023

    Скопје, 21 Ноември 2023 год. 12.00 – 14.00 часот

    Фокус Група за Green MiCred Pathways Project
    Зелени Вештини за Зелени Работни Места

    Модератор: Игор Мицкоски, ESG консултант
    Фасилитатор: Марјан Ненов, енергетски менаџер