Топлински системи за хотели, деловни објекти и индустрија

Комората на Мал Бизнис ги повикува членките и сите заинтересирани поединци, организации и компании за учество на семинарот „Топлински системи за хотели, деловни објекти и индустрија „ во сабота 11 ноември 2023 год. од 10.00 часот.
Г-н Arben Veliu ќе презентира економки ефикасни технички решенија за топлински системи кои можат да се имплементираат во хотелски комплекси, деловни административни и производствени објекти за греење на објектите или за процесна топлина.

Датум: Сабота 11 Ноември, 2023
Време: 10:00 часот
Место: Скопје, (настан со физичко присуство)

Изборот на систем за греење на административни комерцијални објекти, хотелски комплекси и за потребите на процесна топлина во производствените процеси во време на големи турбуленции на цената на енергенсите е голем предизвик за компаниите. Дополнително јасните насоки од ЕУ и државната администрација за намалување на CO2 емисиите со дефинирани таргети чие надминување согласно зелените акциони планови се предмет на даночни, царински или други такси може да резултира во намалување на конкурентноста на пазарот.
За компаниите станува неопходно да се справат со комплекните анализи за менаџирање на достапните „зелени„ економски и енергетски ефиаксни горива и сопственото производство на обновливи извори на енергија.

На семинарот ќе се даде осврт на следните теми:

Tехнологијата за греење
- пресметка за топлинското оптоварување
- годишни барања за енергија за греење

Преглед на системите за греење
- области на системот: производство на топлина, дистрибуција, испорака
- пренос на топлината: вода, воздух, пареа
- процесна топлина

Дистрибуција и логистика на гориво за топлотни системи
- Соларна и геотермална енергија
- Биомаса
- Гас и нафтени продукти

Избор на печка и котел за деловни објекти и индустрија
- видови на котли, ефикасност, системи на согорување
- технологија на грејна вредност
- бафери, хидраулична шема

Учесниците на семинарот ќе добијат информации:

- за потребата од сериозна анализа на енергетската и воедно економска ефикасност на разлини видови горива за тополтните потреби на компаниите
- за можноста да се адаптираат и оптимизираат постоечките технички решенија за тополтна енергија во објектите и/или производните погони на компаниите
- практични чекори потребни да се имплементират брзи и долгорочно ефикасни решенија за топлинските системи на компаниите

ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО

Сите заинтересирани можат да пријават учество со допис на info@sbch.org.mk

Котизацијата за учество на семинарот изнесува 4.000,00 ден

Учеството е без котизација за членките на Комората со уплатена годишна чланарина за 2023 год.

Пријавување за нови членки на Комората со формуларот даден на линк >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/pristapnica_1.doc

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Small Business Chamber of Commerce
bld.Jane Sandanski 113
1000 Skopje

тел. +389 2 244 8077,
+ 389 70 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk