Smart Digitalization

Smart Digitlization Cluster-от http://sbch.org.mk/platformi/smart-digitalization-cluster на 18 Мај 2023 год. ќе реализира посета на високотехнолошката компанија Костал Македонија во Охрид и ќе озвозможи на своите членки и сите заинтересирани да ги споделат своите искуства и проблеми во менаџирањето на технолошката опрема поврзана во информативниот систем на компанијата подложен на надворешни влијанија од:

- комуникациски провајдери - физичка и безжична мрежа
- провајдери на електрична енергија
- различни мрежи за комуникација преку кои се врши размена на податоци интерно во компаниите

Воедно претставниците на Костал Македонија ќе ги споделат своите искуства во управување со комуникациските системи и нивната безбедност во фабрика која произведува високотехнолошка опрема со критични рокови како дел од ланецот на производство во автомобилската индустрија. Посебни информации ќе се споделат околу управувањето со квалитетот на електрична енергија и енергетскиот менаџмент систем и неговата заштита од сајбер напади.

Настанот е реализиран во координација со тренинг програмата за European Energy Manager - практична реализација на EnMS и енергетски инжинеринг за управување со ефикасноста и безбедноста на енергетските системи во компаниите.
------------------------------------------------------------------------------------

Програма:

1. Дигитализација на Енергетски Систем - Модел на Prosumer и Енергетски Интернет
- Metering and billing
- Electricity market and trading
Кај обновливи извори на енергија - Prosumers се луѓе/бизниси кои консумираат дел од енергијата што тие самите ја произведуваат - тие се флексибилни услуги потребни во сите електроенергетски системи кои креираат нова smart енергетска инфраструктура и системи за контрола и комуникација како дел од т.н. енергетски интернет.

2. Дигитализација на Енергетски Менаџмент и Системи за Контрола на Квалитет
- System operation and flexibility
- IT/OT convergence & Digital Twin in Manufacturing
- Power system blockchain solutions
Digital Twin е дигитален приказ на наменет или вистински физички производ, систем или процес од реалниот свет што служи како дигитален пандан на него за практични цели, како што се симулација, интеграција, тестирање, следење и одржување. Digital Twin на постоечки ентитет може да се користи во реално време и редовно да се синхронизира со соодветниот физички систем, да се ажурира од податоци во реално време и користи симулација, машинско учење и расудување за да помогне во донесувањето одлуки.

ПРИЈАВУВАЊЕ и УЧЕСНИЦИ

Учеството е без котизација за учесници на тековната ЕУРЕМ обука, компании со Eco-En сертификација и членови на Комората со уплатена годишна чланарина за 2023 година.

На настанот може да учествуваат сите заинтересирани компании и организации кои имплементирале или ќе инвестираат во системи за мониторинг и управување со потрошувачката на енергијата и/или производството од обновливи извори на енергија во производните или административни објекти.

Поради формалните процедури во Костал Македонија заинтересираните за учество во делегацијата е потребно до 16 Мај 2023 со допис на info@sbch.org.mk да ги најават учесниците од нивната компанија (до 3 учесници од една компанија) со забелешка дека се учесници на ЕУРЕМ обука, компанија каде е имплементирана Eco-En сертификација или се членки на Комората (за нови членки на Комората е даден линк до пристапница за зачленување)

ЛИНКОВИ ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

ЕУРЕМ 2023 обука -
линк >>> http://sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%B1%D1...

Eco-En сертификација -
линк >>> http://www.sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

Пријавување за нови членки на Комората на линк >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/pristapnica_1.doc

------------------------------------------------------------------------------------

ОРГАНИЗАТОРИ

Smart Digitlization Cluster http://sbch.org.mk/platformi/smart-digitalization-cluster
Стопанска Комора на Мал Бизнис www.sbch.org.mk

ПОДДРЖАНО ОД:

Project CATALYST
https://projectcatalyst.eu/

KATERINA CATALYST
promo video
https://youtu.be/XJbBC7SrLqU

Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

тел.(02) 244 8077
моб. 070 223 686

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk