ESG sustainable reporting - Eco-En Cert

Eco-En Cert е систем за оценување на зелени општествено одговорни набавки, производи, услуги, проекти и деловни практики за заштеда на енергија, екологија и одржливост. Се реализира како надворешна ESG (Environmental, Social и Governance) сертификациска рамка за социјално одговорен организациски менаџмент и управување со животната средина.

Eco-En Cert Проценител, согласно дизајнирани критериуми верификува зелени општествено одговорни проекти и деловни практики во вашата компанија и предлага проекти за подобрување на одржливоста на вашето деловно работење, фокусирајќи се на развој на зелени социјално одговорни производи и услуги.

Eco-En Cert сертификација
http://www.sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

Цената за Eco-En Cert сертификација изнесува:
- 600 ЕУР за мали и средни претпријатија
- 1.000 ЕУР за големи претпријатија
Цената е дадена без пресметан ДДВ.

Попусти и субвенции:

35% попуст - Standard членки на Комората на мал бизнис (мали и средни претпријатија) со уплатена годишна чланарина
70% попуст - Premium членки на Комората на мал бизнис (големи претпријатија) со уплатена годишна чланарина

Во цената за Eco-En Cert сертификација е вклучен ангажман за изработка на апликација за тековните повици за кофинансирани грантови:

- "Со дигитална трансформација до иновација" објавен од Фондот за иновации и технолошки развој со рок на аплицирање 20 март 2023 год. и
- Повик на EU for Economic Growth (EU4EG) Project објавен од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit GmbH (GIZ) со рок на аплицирање до 20 април 2023 год.

Апликацијата се изработува согласно потенцијалните проекти за набавка на нови машини и технологија забележани по технолошки аудит претпријатието (апликантот) и евидентирани во верификацискиот извештај за Eco-En Cert сертификација.

Повик на ФИТР на линк >>>
https://fitr.mk/digitalna-transformacija/

Повик на EU4EG на линк >>>
EU4EG повик
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/01.EU4EG_2nd%20Call%20for%20M...

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПРОМОТИВЕН НАСТАН
Go Green & Save Money на 28 Февруари 2023 год.

Бизнис Иновативниот Хаб (Business Innovation HUB) во Тетово поддржан од Институтот за Развој на Заедницата и Greenity Net поддржан од Стопанска Комора на Мал Бизнис на 28 Февруари 2023 г. од 13.30 часот ќе реализира презентација на програмските активности со фокус на грантови програми за поддршка на економскиот просперитет, дигитализација и развој на зелени иновации во компаниите >>> http://www.sbch.org.mk/content/go-green-save-money

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk