Финансиска мотивација и социјален импакт

FINPACT програмата на 25 Јануари 2023 год. во Скопје ќе организира промотивен семинар „Платни системи и финансиска мотивација„ за сите заинтересирани поединци, компании и организации за примена на иновативни методи за инвестирање кое генерира финансиски принос и мерливо, позитивно социјално влијание.
Пријавување на e-mail адресата info@sbch.org.mk со формални контакт податоци на учесникот. Бројот на места е ограничен.

АГЕНДА
Платни системи и финансиска мотивација

17.30-18.15 Финансиска поддршка на стандардните програми за социјална и здравствена заштита на вработените - мотивација, продуктивност и одржливи инвестиции

- пензиски систем , приватно социјално и животно осигурување, здравствено осигурување
- инвестирање на компанијата во заштита на човечките ресурси или приватно лично штедење
- законски норми, заштита на инвестициите со државни инструменти, гаранции и финансиски принос

18.15-19.00 Нови можности за легално on-line финансирање, инвестирање и crowdfunding

Закон за платежни услуги и платни системи

- PIS (payment initiation service) — фасилитација на онлајн плаќања од специјализирани компании преку платформа помеѓу трговецот и потрошувачот. (плаќања без употреба на кредитна картичка или банкарска сметка)
- апликации за управување со лични финансии, тргување со хартии од вредност, автоматизација на финансиски услуги, финансирање преку платформи кои одговараат за инвеститорите и заемодавачите (групно финансирање,crowdfunding) вршење плаќања преку иновативни решенија за наплата и сл.

Криптовалути и дигитални валути

- легализација и регулација со Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам
- токенизација на услуги и креирање на дигитални валути
- екосистем за управување со криптовалути - заштита на записите преку blockchain напреден механизам за бази на податоци кој овозможува транспарентно споделување информации во рамките на деловната мрежа. Blockchain базата на податоци складира податоци во блокови кои се поврзани заедно во синџир.
- Carb Coin - криптовалута која поддржува еколошки проекти, зелени инвестиции и одрливи проекти во компаниите и заедниците , креирање вредност преку личен ангажман или компаниски програми со социјален импакт во заедницата

-------------------------------------------------------------------------------------

FINPACT

FINPACT програмата на Комората соработува со компаниите и поединци за воспоставување програми за социјален импакт на организациите и нивно финансирање со различни методи кои можат да бидат и инвестиции со финансиски принос.

Редовни и добри плати, бонус, периодични зголемувања, споделување на профитот се успешни финансиски мотивирачки методи во компаниите. Парите донекаде помагаат во задоволувањето на социјалните потреби на вработените.

Поддршката на социјалните потреби на вработените го зголемуваат задоволството на работното место. Медицински надоместоци и животно осигурување финансирани од компанијата овозможуваат вработените да чуствуваат поголема безбедност на работното место што е еден од значајните фактори за мотивација и продуктивност.

Социјализацијата помеѓу вработените и нивното учество во активности со социјален импакт на заедницата се дополнителни фактори кои доколку се поддржани со програми на компанијата придонесуваат за зголемување на чуството на припадност, значајност во организацијата, тимовите и воспоставува однос на лојалност кон компанијата и ефикасност во реализација на работните задачи.
Повеќе на линк >>> http://sbch.org.mk/programi/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BF%D1%80%D0%B8%D...

finpact promo video:
https://youtu.be/-zMKmXHvTV0

--------------------------------------------------------------------------------------

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk