Твојата Продуктивна Енергија - Go Green & Save Money

„Твојата Продуктивна Енергија„ е програма на Комората за поддршка и менторство на компаниите и граѓаните за одржливо производство и употреба на енергијата кое ќе придонесе за подобрување на приходите и благосостојба.

„Твојата Продуктивна Енергија„ се реализира преку:

- поддршка за имплементирање на продуктивни технологии,
- подобрување на пристапот до микро кредити,
- пристап до услуги за развој на енергетскиот бизнис (Energy Business Development Services) и обука,
- лидерско менторство на менаџментот,
- поддршка на надградбата на вашето лидерство, човечки ресурси, енергетска инфраструктурата и подобрен пристап до пазарот

Најважните предуслови за продуктивна примена на енергијата се:

- Знаење и вештина од малите и големи претпријатија, домаќинствата и земјоделците за тоа како да ја користат новопроизведената електрична и топлинска енергија профитабилно
- Технички и финансиски капацитет за управување со енергетскиот бизнис во компаниите, домаќинствата и земјоделците.
- Достапност на кредити и микрокредити за финансирање на продуктивни алатки и опрема.
- Ефикасно управување со човечките ресурси за зголемување на енергијата и продуктивноста

Комората со „Твојата Продуктивна Енергија„ ги поддржуваат компаниите преку менторство за управување и outsourcing за набавка и одржување на енергетски капацитетоти со континуиран договор или договор за поддршка на проекти за:

1. Енергетска ефикасност
- топлински пумпи
- инвертори
- термофасада
- вентилирачка фасада

2. Обновливи извори на енергија
- фотоволтаици
- проточни хидроцентрали

3. Индустриски менаџмент
- мониторинг и дигитализација
- автоматизација
- роботизација
- сервис и одржување

4. Човечки ресурси и лидерство

- обуки за континуирана надградба на човечките ресурси и лидерски менаџмент

Лидерски модели за продултивни човечки ресурси , линк >>> http://www.sbch.org.mk/novosti/%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%8...

Лидерски потенцијали и вештини , линк >>> http://www.sbch.org.mk/content/%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%B...

- менторство и поддршка од експерти во мрежата на енергетски менаџери EUREM во производство, одржување, управување со објектите (building/facility management)

- креирање одржливи системи и бизнис трансформација
Project Catalyst - https://projectcatalyst.eu/

- тренинг за енергетски менаџери - конкурс за ЕУРЕМ обука 2023 на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%B...

- обука за интерни верификатори за Eco-En Cert - повик 4/22 на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%B...

ЗАБЕЛЕШКА:
Бесплатна обука за интерни верификатори, Eco-En Cert верификација и сертификација во компаниите кои обучуваат или веќе имаат сертифициран енергетски менаџер - ЕУРЕМ

Промотивен настан на 17 Декември 2022 г.

GREEN ENERGY DAY 2022
17 Ноември 2022
http://www.sbch.org.mk/content/green-energy-day-2022

За сите дополнителни информации погледнете ги дадените линкови или контактирајте на дадените телефони и e-mail контакти.

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk