Повик за Интерни Eco-En Cert Верификатори и сертификација

Воспоставувањето на сертификациони шеми за зелени општествено одговорни проекти и одржливи деловни практики на компании и организации се стандарди за препознавање на зелени општествено одговорни субјекти во ЕУ деловниот пазар и проекти.

Во рамки на проектот Consumers4Sustainability ќе се воспостави сертификациона шема Eco-En Cert за енергетска ефикасност и животна средина со проценка од трета страна на деловните практики на организациите кои се однесуваат на заштеда на енергија, екологија и одржливост.

ПОВИК ЗА ИНТЕРНИ ВЕРИФИКАТОРИ

Интерни Eco-En Cert Верификатори се овластени претставници на организацијата во која се воведува Eco-En Cert шема за сертификација и кои се поддршка на екстерните Eco-En Cert Проценители во процедурата за Eco-En Cert сертификацијата.

Избраните учесници на повикот ќе учествуваат на работилница и менторска обука за Eco-En Cert Верификатори и во воведување на Eco-En Cert во нивните матични компании.

Повикот за интерни Eco-En Cert Верификатори е даден на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%B...

Документите за пријавување посочени во повиците треба да бидат испратени не подоцна од 15.12.2022 година.

ECO-EN СЕРТИФИКАЦИЈА (ПОПУСТИ)

Компаниите членки на Комората кои ќе обучат интерни Eco-En Cert верификатори кои воедно ќе бидат вклучени за поддршка во процесот на воведување Eco-En Cert во компанијата ќе добијат 100% попуст за цената на Eco-En Cert сертификација.

Повеќе информации за Eco-En Cert сертификационата шема на линкот >>> http://sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk