Најекономични системи за греење и ладење на објекти, 23 Јули 2022 г.

Системите за греење, вентилација и климатизација (HVAC) сочинуваат приближно 35% од вкупната енергија потрошена во станбени и деловни згради. Овие системи доколку се коминирани со топлотна пумпа достигнуваат најекомични резултати и ефикасност за греење и ладење на објектите. Воедно претставуваат зелена општествена одговорна опција за греење во зимските месеци бидејќи директно не емитираат јаглерод диоксид и ПМ честички - особено во урбаните средини и придонесуваат за намалување на загадувањето на воздухот.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „EUREM MK Alumni“, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот on-line семинар "Вентилација и климатизација - Оптимизација и мерки за енергетска ефикасност кај HVAC системи" , кој ќе се реализира на 23 јули 2022 година.

За познавачите на климатизацијата на семинарот ќе се презентираат концепти на оптимизација и подобрување на HVAC системи, а другите учесници ќе бидат запознаени со сите предности и правилно димензионирање на ситеми за климатизација особено за воспоставување на режими за најмало користење на електрична енергија за греење и ладење на деловни и резиденцијални објекти.

Комплетна програма на семинарот на линк >>> http://www.sbch.org.mk/content/ventilacija-i-klimatizacija

Пријава на линк >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20HVAC%20klimatiz...

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk