Усогласување со Закон за Заштита на Лични Податоци (ЗЗЛП)

Со новиот Закон за Заштита на Личните Податоци ЗЗЛП се врши усогласување со Општата уредба за заштита на податоците на ЕУ, подобро позната како GDPR. Компании кои обработуваат лични податоци за своите вработени или за своите корисници, неопходно е да го усогласат своето работење со ЗЗЛП. Рокот за усогласување изминува на 28 Февруари 2022 год.

Комората на мал бизнис, во соработка со Трајковски & Партнери Консалтинг, нуди консултантски услуги поврзани со имплементација на новиот Закон за заштита на лични податоци.

ОСНОВЕН ПАКЕТ
за фирми со мал обем на лични податоци (1-5 збирки), кои не обработуваат посебни категории на лични податоци и немаат видео надзор.

изработка на потребната документација, согласно одредбите од новиот закон и подзаконски акти, во смисла на сите правилници и процедури кои се потребни за воспоставување на системза заштита на лични податоци во рамки на компанијата. Исто така, во рамки на овој пакет ќе биде изработен и документ-шаблон за евиденција на операциите во кои има обработка на лични податоци и пополнување на истиот.

попуст од 20% за Standard членките на Комората.

ОПТИМАЛЕН ПАКЕТ
за фирми со среден обем на лични податоци (5-10 збирки на лични податоци), кои обработуваат посебни категории на лични податоци и имаат
видео надзор

понудата ги содржи сите ставки од Основниот пакет, и вклучува дополнително спроведување на проценки на влијанието на заштитата на лични податоци (максимум 5 проценки) и изработка на анализа на видео надзор, доколку компанијата има видео надзор.

GDPR се однесува на секоја организација која работи во ЕУ, како и на која било организација надвор од ЕУ која нуди стоки или услуги на клиенти или бизниси во ЕУ. GDPR се применува во: Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство.

Забелешка:
Оптималниот пакет го препорачуваме за компании членки на Комората кои ги користат услугите на програмата за Развој на Нови Пазари https://www.sbch.org.mk/programi/%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%98-%D...

попуст од 20% за Premium членките на Комората.

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk